Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Прилози

Што ќе биде со членовите од Судски совет: Четири од пет молчат, Миљазим Мустафа нема да поднесе одставка ако му изгласаат интерпелација

Четири од петте членови на Судскиот совет не одговараат- дали ќе имаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четири од петте членови на Судскиот совет не одговараат- дали ќе имаат доблест да поднесат оставка од своите позиции, ако Собранието изгласа интерпелација за нив. Петтиот пак не гледа причина да такво нешто, ако Собранието му изгласа недоверба. Алфа телевизија се обиде да стапи во контакт со поранешните претседателки Павлина Црвенковска и Весна Дамева, екс потпретседателот Селим Адеми и Тања Чачарова Илиевска. Сите решија да не одговорат на нашите повици и смс пораки. Чачарова Илиевска го прекина повикот.

Црвенковска, Дамева и Адеми воопшто не одговорија.

Одговори немаше ниту на СМС пораките со конкретно прашање:  дали би поднеле оставки доколку биде изгласана интерпелација за нив? На оваа тема во јавноста единствено се огласи петтиот, за кој ќе расправа Собранието: Миљазим Мустафа. За вториот канал на МРТ кажа дека би поднел оставка само доколку се констатира професионална повреда или пропуст, а не поради интерпелацијата во законодавниот дом.  

Реклама

-Додека такво нешто не постои, не чувствувам ниту морална ниту професионална одговорност да преземам таков чекор. Не сакам да се мешам, ниту да коментирам за законските права на пратениците во Собранието на Република Македонија, но мислам дека тоа не е вистинскиот начин да се реши ситуацијата што владее кај нас, изјави Мустафа.

Речиси сите пет членови на Судски совет кои се избрани во Собранието имаат конекции со поранешната власт на двоецот СДСМ-ДУИ. Екс претседателките Весна Дамева и Павлина Црвенковска никогаш не биле судијки, туку стручни соработници во Кривичниот и Апелацискиот суд во Скопје, а влегоа во Советот под превезот „Истакнат правник“.

Дамева била и член на правната комисија на СДСМ, а Црвенковска важи за близок човек на Заев. Селим Адеми, пред да решава за судбината на судиите, бил секретар во општина Гостивар и државен советник во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор. Овој ресор со децении го добиваше исклучиво ДУИ.

Поранешниот шеф на државата Стево Пендаровски, го предпожи, а пратениците го изгласаа и колегата на Адеми од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, Миљазим Мустафа. И последно избраната, адвокатката Тања Чачарова-Илиевска, е име кое се поврува со СДСМ. Таа била посебен советник на екс министерката за правда Рената Дескоска и во минатото донатор на социјалдемократите.

Матеја Петровски