Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Штипски „Стипион“ набави хибридни возила со камери за контрола на паркинг местата

Две нови хибридни возила денеска доби јавното претпријатие „Стипион“ , наменети за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две нови хибридни возила денеска доби јавното претпријатие „Стипион“ , наменети за контрола на јавното паркирање во Штип. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Панче Стефановски рече дека возилата ќе патролираат низ градот, а со помош на камери за видео надзор и техничка опрема ќе се читаат регистерските таблички на паркираните автомобили.

Податоците во реално време ќе се испраќаат до софтверот на претпријатието, кој ќе евидентира дали возилата на паркинг позициите имаат платено паркинг. Оние кои немаат извршено наплата ќе бидат означени, по што ќе следуваат соодветни мерки. 

-Од денес возниот парк на ЈП „Стипион“ е зголемен за две нови возила во службена дејност јавно паркирање. Ова се модерни, економични и еколошки возила на хибриден погон, кои што ќе партолираат во градот со помош на инсталирани камери за видео надзор и техничка опрема, ќе ги читат регитерските таблички и во реално време ќе испраќаат информации на софтверот, кои што ќе ги евидентира и ќе издава информации кои од возила на паркинг позициите имаат или немаат платено паркинг. Оние возила кои што ќе немаат наплата на паркинг ќе бидат маркирани-изјави Стефановски. Тој посочи дека вредноста на оваа јавна набавка чини околу два и пол милиони денари. 

Реклама

-Системот ќе издаде налог за санкционирање, нашите вработени ќе имаат обврска во најкус временски рок да ги санкционираат, на еден од достапните методи кои што ги имаме со издавање на доплатен билет или со поставување на блокатор. Вредноста на оваа јавна набавка е околу два и пол милиони денари, а планираме во целосно функција да ја ставиме за околу две до три недели. Со овие возила, очекувањата се дека ќе се олесни работата на ЈП „Стипион“ во оваа дејност, со што ќе се зголеми и ефикасноста во работата. Во голема мера ќе се намали и влијанието на човековиот фактор, а со тоа и можноста и можноста за злоупотреби и непостапувања- додаде Стефановски. 

Главните придобивки од реализацијата на оваа инвестиција се намален метеж во градот и повеќе достапни паркинг позиции.