Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Штип се подготвува за Ч’трсе, обичај кој е на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО

Штип се подготвува за милениумскиот обичај Ч’трсе. Со искачување на тврдината Исар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штип се подготвува за милениумскиот обичај Ч’трсе. Со искачување на тврдината Исар и фрлањето на 40 каменчиња кон реката Брегалница, Штипјани го негуваат обичајот, кој е предвестие на пролетта. Директорот на Домот на млади-Штип, Видан Лазарев најави богата музичко-забавна програма. Литературни читања, музика, настапи на локални бендови и гости од други градови, организаторите подготвуваат целодневен настан за сите генерации граѓани. Централните случувања се планирани во Домот на млади, во зависност од временските услови. 

– Општината е подготвена за следното издание на традиционалното издание Ч’трсе, како и секоја година имаме повеќе културни настани на овој ден. Ги почнуваме настаните најчесто со литературната дејност каде се промовираат и учествуваат поетите од нашиот град, меѓутоа и поетите од останатите градови. Потоа продолжува со музичката програма, која ние ја подготвуваме секоја година. Се надевам дека и во преговори сме да има гости од страна, како во литературниот така и во музичкиот дел. Се надеваме дека ќе успееме да се договориме и со некој од локалните фолклорни друштва, да настапат овој ден, како традиција која е низ годините – рече Лазарев.

Обичајот Ч’трсе е  прво нематеријално културно наследство од нашата земја, кое е впишано на листата на УНЕСКО. Во Штип на Ч’трсе се е во знакот на бројот 40. Младите, па и повозрасните додека се искачуваат на тврдината  Исар се поздравуваат со 39 лица, а 40-тото се бакнува, се собираат и 40 каменчиња, 39 се фрлаат кон реката Брегалница, а 40-тото се носи дома, се става под перница и се верува дека таа вечер се сонува животниот сопатник. Домаќинките прават 40 тиганици, пишии, а домаќините нудат по 40 чаши ракија.д Расадник, изјави градоначалничката Стaменкоска Трајкоска.