Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Штип од утре почнува со настани за Чет’рсе, а во недела е искачувањето на тврдината „Исар“

Богата културно-уметничка програма нуди Општина Штип за одбележувањето на милениумскиот обичај Чет’рсе,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Богата културно-уметничка програма нуди Општина Штип за одбележувањето на милениумскиот обичај Чет’рсе, кој е и на листата на нематеријално културно богатство на УНЕСКО. Виктор Вукановски од Општина Штип денеска најави дека во програмата има концерт на културни уметнички друштва и ансамбли од државата во Центарот за културата „Ацо Шопов“, со почеток од 20 часот,а  во сабота веќе се предвидени два настапи, Бојана Скендеровски настапува со голем солистички концерт на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“, додека во истиот термит во Дом на млади, ќе се организира рок хепенинг од групата Why not. 

-Утре петок на 20 март, во 18 часот во Домот на културата во Штип ќе биде понудена програма од страна на КУД Ристо Донев – учителот. Се надевам дека со оваа програма ќе биде задоволен апетитот на сите оние кои сакаат да ја негуваат традицијата на Македонија. Што се однесува во сабота 21 март, во 20 часот во Домот на културата „Ацо Шопов“ ќе биде организиран големиот солистички концерт на Бојана Скендеровски. Таа ке биде дел од нашата пргорама со цел да ги потести фановите за нејзините најголеми хитови – рече Вукановски. 

На самиот ден 22 март, кога воедно ќе се одржи традиционалното искачување на Исарот, е предвидена промоција на стихозбирката Поетски поздрав на Чет’рсе од литературниот клуб Искра. Истата ќе се одржи од 13>30 часот. Инаку, како и останатите години и оваа, Општината е подготвена да понуди програма за сите  граѓани.