Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Прилози

Штип, Кичево и Тетово се чекор поблиску да добијат нови болници – Финансии ги анализира проектите

Штип, Кичево и Тетово се чекор поблиску да добијат гланц нови и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штип, Кичево и Тетово се чекор поблиску да добијат гланц нови и модерни болници. Проектите се веќе во министерството за финансии, каде се финализираат анализите, по што се очекува за две недели да довијат зелено светло и од владата. Станува збор за болници кои ќе се градат со Британски пари.

Се уште не е познато колку точно ќе чини целиот пакет, иако проценките се, дека сумата ќе се движи околу 205 милиони евра. Доколку проектот добие зелено светло од Владата, ќе следува потпишување на договорот со Британците. Министерот Алиу вели дека од македонска страна подготовките се речиси завршени.

“Знаете дека програмата е при крај.Јас имав веќе неколку состаноци и со британската влада но и со финансиските институции, ценам дека веќе од наша страна се е завршено…за недела до две Министерството за финансии ќе излезе со информација на некоја од следните седници на Влада за да може да се потпише договор помеѓу нас и финансиската институција” – изјави Азир Алиу, министер за здравство.

Реклама

Од Владата велат дека инвестициите во здравствениот систем продолжуваат и во наредниот период, со цел модерно, достапно и квалитетно здравство за сите граѓани.

Предвидено е со британскиот договор да се реалзиираат крупни проекти, покрај изградбата на нови болници, ќе има реконструкции на здравствени установи но и нова зграда на Медицински факултет со нов студентски дом. Најави има дека ќе има пари и за нов Клинички центар. Се разгледува локацијата на ГОБ ‘8 Септември’ како потенцијален најголем здравствен комплекс во Македонија. 

Изминатите 10-тина години постоеа повеќе идеи за локации– во близина на Бардовци, на излезот од Скопје во Ѓорче Петров или на просторот на касарната „Илинден“ но ништо од тоа не стана реалност.