Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Прилози

Штип, Кичево и Тетово се чекор поблиску да добијат нови болници – Финансии ги анализира проектите

Штип, Кичево и Тетово се чекор поблиску да добијат гланц нови и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штип, Кичево и Тетово се чекор поблиску да добијат гланц нови и модерни болници. Проектите се веќе во министерството за финансии, каде се финализираат анализите, по што се очекува за две недели да довијат зелено светло и од владата. Станува збор за болници кои ќе се градат со Британски пари.

Се уште не е познато колку точно ќе чини целиот пакет, иако проценките се, дека сумата ќе се движи околу 205 милиони евра. Доколку проектот добие зелено светло од Владата, ќе следува потпишување на договорот со Британците. Министерот Алиу вели дека од македонска страна подготовките се речиси завршени.

Знаете дека програмата е при крај.Јас имав веќе неколку состаноци и со британската влада но и со финансиските институции, ценам дека веќе од наша страна се е завршено…за недела до две Министерството за финансии ќе излезе со информација на некоја од следните седници на Влада за да може да се потпише договор помеѓу нас и финансиската институција” – изјави Азир Алиу, министер за здравство.

Реклама

Од Владата велат дека инвестициите во здравствениот систем продолжуваат и во наредниот период, со цел модерно, достапно и квалитетно здравство за сите граѓани.

Предвидено е со британскиот договор да се реалзиираат крупни проекти, покрај изградбата на нови болници, ќе има реконструкции на здравствени установи но и нова зграда на Медицински факултет со нов студентски дом. Најави има дека ќе има пари и за нов Клинички центар. Се разгледува локацијата на ГОБ ‘8 Септември’ како потенцијален најголем здравствен комплекс во Македонија. 

Изминатите 10-тина години постоеа повеќе идеи за локации– во близина на Бардовци, на излезот од Скопје во Ѓорче Петров или на просторот на касарната „Илинден“ но ништо од тоа не стана реалност.