Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Шилегов почна, Арсовска не продолжи – конечно, до Нова Година мостот кај „Љубљанска“ ќе биде готов

По речиси четири години чекање, прекини и неисполнети ветувања од минатата власт,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По речиси четири години чекање, прекини и неисполнети ветувања од минатата власт,  мостот кај „Љубљанска“ конечно добива завршница. Проектот, што требаше да биде готов за помалку од две години, стана еден од најдолгите инфраструктурни застои во главниот град. Новата власт во главниот град уверува дека конечниот изглед ќе биде со повеќе сообраќајни ленти во двата правци, велосипедски патеки, пешачки патеки, паркови и хортикултурно уредување.

Се наоѓаме на мостот кој што ги поврзува улиците „Љубљанска“ и „Скупи“, проект кој со години беше симбол на застој, но сега конечно влегува во својата финална фаза. Надлежните уверуваат дека овој инфраструктурен зафат ќе биде ставен во функција и ќе донесе значително олеснување на сообраќајот во Скопје.

Градоначалникот на Скопје предвидува овој проект да биде готов до крајот на оваа година. Според неговите очекувања, граѓаните со директна врска преку реката Вардар, ќе добијат побрз излез кон обиколницата, а сообраќајот во овој дел од градот ќе се одвива многу полесно и поорганизирано.

Реклама

Освен што ќе овозможи побрзо движење, мостот треба да придонесе и за подобра поврзаност на населбите како Карпош и Ѓорче Петров и северниот дел од градот. Очекувањата се дека со неговото пуштање ќе се намали и притисокот на булеварите „Партизански Одреди“ и „Илинденска“.

Изградбата претходно беше стопирана заради потребата од дополнителни дозволи за заштита на археолошкиот локалитет Скупи. Надлежните велат дека тие процедури се завршени и дека проектот продолжува да се гради со полна пареа.

Покрај сообраќајното поврзување, најавени се и дополнителни зафати  како реконструкција на околните улици, нови пешачки патеки, изградба на нови паркови како и подобрување на целокупната инфраструктура на овој дел од градот.

Изградбата започна во 2021 година, во време на тогашното градско раководство на Петре Шилегов, со план за улица што ќе го поврзе западниот и северниот дел од Скопје. Во планот стоеше мостот да има четири коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки од двете страни и ширина од околу 24 метри.