Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Шилегов бара повлекување на дел од обвиненијата за „Пулс“: Државата троши пари на неоснован процес

Петмина сведоци на продолжението од рочиштето за трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петмина сведоци на продолжението од рочиштето за трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“. Освен пејачот на групата ДНК, Панчо, никој друг не ги повикал гостите да излезат надвор кога настанал пожарот во „Пулс“, а единствениот излез била главната врата, каде што настанал хаос – сведочеше Стево Манасиев, кој бил хонорарно ангажиран како диџеј во „Пулс“ од 2012, кога било отворено т.н. кабаре, до 2017–2018 година.

Еднаш дошол да се сретне со Филип Стефановски, клавијатуристот на групата ДНК, од кого претходно таа недела дознал дека бендот ќе настапува во „Пулс“. Потоа се вратил околу 2 часот по полноќ заедно со пријател, кој со себе ги водел и синот и внук од сестра. Не купиле билети, туку влегле слободно. Потврден беше неговиот одговор на прашањето дали младите со нив биле малолетни. Според своето сеќавање, рече дека и обезбедувањето ги пуштило да влезат слободно.

Според негова проценка, внатре во „Пулс“ критичната вечер имало меѓу 500 и 600 гости. На почетокот од рочиштето адвокатот Петре Шилегов побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да повлече дел од обвиненијата. Повикајќи се на економичноста на постапката, Шилегов истакна дека државата троши огромни средства за процес кој, според него, може да се покаже како правно неоснован.

Реклама

Клучен аргумент на одбраната е неодамнешната одлука на Основното јавно обвинителство со која е отфрлена истрагата против седум полицајци за истиот настан. Според Шилегов, било утврдено дека нема директна причинско-последична врска со трагедијата, а евентуалното дело „злоупотреба на положбата“ е застарено, па побара истата логика да се примени и за дел од обвинетите.

Обвинителот Борче Јанев ги оцени овие барања како преуранети, нагласувајќи дека предметот не се однесува на полицајци, туку на лица со други функции и овластувања.