Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Шестдневна програма за одбележување на детската недела во Гевгелија

Со едукативната изложба „Eлек, клашеник, з’бан“, Општина Гевгелија утре го почнува одбележувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со едукативната изложба „Eлек, клашеник, з’бан“, Општина Гевгелија утре го почнува одбележувањето на детската недела, кое ќе трае од 2 до 9 октомври. Изложбата која има за цел да ја претстави богатата традиција на македонското народно облекување е во организација на  Дом на култура „Македонија“ од Гевгелија, а ќе биде прикажана во фоајето на Народниот театар. 

Од јавната општинска установа соопштуваат дека посетителите ќе може да се приближат кон минатото преку внимателно избрани етнолошки предмети – згорни облеки, кои порано биле составен дел од секојдневниот и празничниот живот на населението од повеќе етнички предели. На изложбата ќе бидат прикажани и други предмети кои биле дел од секојдневието на нашите предци. 

Според програмата на гевгелискиот Дом на култура, на 5. овој месец во Народниот театар ќе се одржи детската претстава на „Театар Хит“, „Добрата Маја“, додека следниот ден на истата локација настапи ќе имаат детските хорови на основните училишта „Владо Кантарџиев“ и „Крсте Мисирков“ и детскиот хор „Божилак“. Одбележување на детската недела продолжува и во наредните денови со организирање на креативна работилница „Мали раце, големи дела“ на платото пред Народниот театар, изведба на детската претстава „Недовршени бајки“ од драмската секција при ЈОУ Пионерски дом и завршува со детскиот хепенинг „Весели звуци на детството“ на плоштадот во Гевгелија.