Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Шест пожари активни, 38 интервенции на отворено во изминатoто деноноќие!

Моментално најсериозната состојба е во источниот и централниот дел на државата. Активни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Моментално најсериозната состојба е во источниот и централниот дел на државата. Активни пожари беснеат во реонот на Малешевските планини, кај селата Нивичино, Мал Готен, како и во општините Василево, Радовиш и Берово. Се работи за опожарена нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

Сериозна е и состојбата во Македонски Брод, каде што на три различни локации – кај селата Грешница, Локвица, Крапа и Латово – се шират пожари низ мешана и деградирана шума, грмушки и сува трева. Слична ситуација има и во прилепскиот регион, каде што огнот се движи од селото Штавица кон Чумово, Волково и Прилепец. Пожар е активен и во Желино, меѓу селата Церово и Групчин, каде гори деградирана нискостеблеста шума.

Во исто време, пет пожари се ставени под контрола. Станува збор за пожари кај селата Шурленци и Езерани во Ресен, во дојранското село Николич, во велешкиот регион кај Џидимирци, Крушје и Иванковци, како и во гостиварското село Симница. Контрола е воспоставена и во прилепскиот регион, на Радобилскиот рид помеѓу Царевиќ и Смолани.

Реклама

Останатите 27 пожари, кои биле регистрирани ширум државата – од Скопје, Куманово и Гевгелија до Кичево, Струмица и Брвеница – се изгаснати. Најчесто се работело за горење на сува трева, ѓубре, стрништа и ниска вегетација. Имало и повторно активирање на пожар на иста локација, како што е случајот со селото Оризаре во општина Липково.

Надлежните апелираат до граѓаните да бидат крајно внимателни, да не палат огнови на отворено и да го пријават секое сомнително движење на чад или луѓе на 112. Топлотниот бран, проследен со зголемени температури, ветер и сува вегетација значително го зголемуваат ризикот од нови пожари.