Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Шест нови авиолинии на скопскиот и охридскиот аеродром, најави вицепремиерот Николоски

Од Скопје повторно ќе се лета за Барселона и Дубаи, ќе има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од Скопје повторно ќе се лета за Барселона и Дубаи, ќе има линија и до Штутгарт и Лион, а за Истанбул и Базел се воведува лет и од охридскиот аеродром.  Нови шест линии од двата аеродроми во Македонија ќе почнат да функционираат од следната година, четири од нив ќе ги реализира унгарската „Визер“ и по една авио-компаниите „Флај Дубаи“ и „Туркиш ерлајнс“. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека се спрема уште еден повик, а според плановите во декември ќе се објави нова сет на дестинации.

  • „Од 30 март 2025 два пати неделно „Флај Дубаи“ ќе лета од Скопје за Дубаи и назад. Од овој датум од Скопје ќе се лета за Барселона  три пати неделно. Од 30 јуни, три пати неделно ќе има и лет од Скопје до Лион и три пати неделно ќе се лета од Скопје за Штутгарт. Она што можам да го кажам дека сме во процес на подготовка на втор повик кој што треба да донесе нови дестинации затоа што има интерес“ – информира Николоски.

Очекувањата се овие четири нови летови од скопскиот и двата од охридскиот аеродром до 2025 година да донесат дополнителни 200 илјади патници а со тоа и да се зголеми бројот на туристи. Пет милиони евра ќе се одвојат од државната каса за субвенционирање на овие шест и на оние кои ќе се изберат од вториот повик за нови авиолинии.

  • „12 евра по дојден патник е субвенцијата од Охридскиот аеродром и 9 евра по дојден патник е субвенцијата од Скопскиот аеродром. За 3 години планираме да потрошиме  5 милиони евра за субвенционирање на авиолинии. Овие линии ќе донесат бројни туристи во Македонија и ќе го олеснат патување на нашите граѓани. Во 2025 година ќе имаме 200.000 нови патници од двата наши аеродрома“ – рече Николоски.

Во моментов, во летниот период на летање од скопскиот аеродром има 47 дестинации, а од охридскиот 8, додека во зимскиот 38 од скопскиот и 4 од охридскиот. На двата аеродроми во Македонија минатата година беа опслужени 3,1 милиони патници, а во првите девет месеци годинава, бројот изнесува 2,4 милиони што зголемување од три проценти. Со новите авиолинии кои ќе се воведат се очекува дополнително зголемување на бројот на патници.