Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Шеснаесетгодишниот Лука од Прилеп, кој сонува да стане авио-техничар, го освојува светот

       Има само 16 години, а веќе го освојува светот со својата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

       Има само 16 години, а веќе го освојува светот со својата огромна љубов и пасија – воздухоповното моделарство. Лука Најдоски од Прилеп и член на македонската Воздухопловна федерација, е актуелен светски јуниорски шампион во воздухопловно моделарство, категорија Ф1А – едрилици, но и 13-ти на светската сениорска ранг-листа за 2025 година. Места освоени во исклучително силна конкуренција од целиот свет. Желбата да се усовршува во оваа област, го однела во Белград, каде моментално се школува во Воздухопловната академија, за еден ден, како што вели самиот, да стане врвен авио-техничар, професија која е дефицитарна во нашава земја.

 „Па, јас сега, во овој момент учам во Воздухопловната академија во Белград и таму сум на смерот за авио-техничар, односно механичар за авиони, и сервис и контрола, и би сакал да продолжам на тој смер и да бидам член во тој дел на воздухопловството“, – вели младиот Лука Најдоски, воздухопловен моделар.

  Семејството Најдоски е познато по своите успеси во воздухопловното моделарство. А се’ започнало со таткото, по чии стапки пак, тргнале и неговите двајца синови, постариот Лука и помалиот Дино. Меѓутоа, за жал, во Македонија, и покрај ваквите исклучителни млади таленти, услови за нивни професионален развој и напредок – нема. Затоа ние и кубуриме со воздухопловен кадар, односно со професионални пилоти, иако имаме невидени капацитети за тоа, вели Никола Петковски од Куманово, кој веќе половина век е во воздухопловството и успешно пилотира со 24 типови на авиони.

Реклама

  „Државата во последните 30 години крева раце од финасирање на воздухопловството, од обуката на пилоти. Самите кандидати си финасираат. Војската направи една обука и од 200 кандидати, само 8 завршија. Затоа треба да се активираат Аеро-клубовите, кои што се база на кадрите што ќе излегуваат, а сето тоа државата да го финасира. За некој да стане пилот потребни се можеби до 100.000 евра, а кој може тоа да го овозможи?! Најдобро е државата, за да не се дојде до ситуација да немаме пилоти во државата“, – дециден е Никола Петковски, пилот од Куманово.

  Инаку, младиот Лука е член на Аеро-клубот „Фил Феникс“, кој е еден од ретките во земјава и кој со години организира меѓународни натпревари во повеќе аеро-дисциплини, на кои учествуваат и по 50 реперезентации од целиот свет. А домаќин им е Прилеп, под капата на Воздухопловната федерација на Македонија.