Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Шефот на белгиската дипломатија Максим Прево во дводневна официјална посета на земјата

Министерот за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево, од денеска ќе престојува во дводневна посета на земјата на покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Како што соопшти МНРиНТ, во рамките на својата прва посета на земјата министерот Прево ќе оствари тет-а-тет средба со својот хомолог, министерот Тимчо Муцунски, по што е предвидена и пленарна средба на двете официјални делегации, проследена со заедничка изјава за медиумите.

– Централни теми на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните политички и економски односи со Белгија, како и перспективите на процесот на проширување на Европската Унија, вклучително и натамошната белгиска поддршка за европската интеграција на Македонија – наведуваат од Министерството.

Реклама

Посетата на земјата на шефот на белгиската дипломатија е во рамките на неговата турнеја на Западен Балкан, при што ќе ги посети и Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, со цел да ги поддржи нивните напори кон членство во Европската Унија.