Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

 „Северна“ ја направи Македонија гето – на граничните премини пустелија

      Mакедонските граѓани кои немаат нови патни исправи, немаат ни право да патуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

      Mакедонските граѓани кои немаат нови патни исправи, немаат ни право да патуваат надвор од земјава. Принудно остануваат дома, заробени како во гето. А такви, кои заради тоталната неорганизираност и неподготвеност на државата навреме да обезбеди нови пасоши, ги има неколку стотици илјади граѓани. Според некои проценки дури и повеќе од 650 илјади. Можеби и затоа на речиси сите гранични премини во земјава, денеска е пуста-пустелија. Вистинска реткост беа граѓаните кои излегуваат од Македонија денеска на Меџитлија.

   Целиот овој хаос со кој се соочуваат македонските граѓани околу промената на личните документи, нивните нервози и револтот, денгубењето, но и трошоците со кои се соочуваат, дотолку повеќе иритира ако се суди според сликата на Граничниот премин „Меџитлија“. Таму, нема апсолутно ништо што би укажало на тоа на чија територија се наоѓате.

         Во моментов, околу 100.000 македонски граѓани веќе се фотографирани, ама заради недостигот од обрасци, прашање е кога ќе ги добијат новите пасоши.. Според последните најави на техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски околу 250.000 обрасци се очекуваат до крајот на месецов. Сега на располагање имало само околу 15.000 пасоши, од кои 10.000 се албански, а 5.000 македонски.

Реклама

                                                                                                      Каролина Дурло   

https://youtu.be/lklk_b3Ed2c