Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката

Правда за Фросина мора да има и случајот на Фросина на никој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правда за Фросина мора да има и случајот на Фросина на никој друг да не му се повтори, порача денеска Росица Кулакова, сестрата на прегазената девојка на протестот во Кавадарци. Побара одговорност и од таткото на возачот и ид судијката Даниела Алексовска-Стојановска.

Кулакова истакна дека општеството е огледало на вредностите што ги носат оние кои го водат, а децата се најчистиот одраз на своите родители.

-Не може да се очекува чесно и одговорно управување од луѓе кои не успеале да ги всадат основните морални и општествени вредности дури ни во сопствениот дом. Доделувањето државни функции не смее да се сведува само на формални образовни критериуми, нагласи таа. 

Реклама

Јавните функции, рече таа,  мора да ги извршуваат луѓе со интегритет, кои своите карактери и вредности ги покажале и во сопствениот живот.

-Како граѓани, како родители и како дел од заедницата, оној кој не успеал да го воспита сопствениот наследник да ги почитува законите, да разликува добро од зло и да живее чесно, не може да бара доверба да управува со државата. Напротив, ваквите лица не смеат да добијат јавна функција. Тие треба да одговараат за своето делување, но и за криминалните постапки на своите помлади полнолетници, додаде Кулакова. 

Подвлече дека општеството не смее да биде заложник на луѓе без морални темели, а функциите во државата не смеат да бидат засолник за оние, кои не ги почитуваат законите ниту во својот дом, ниту надвор од него.

-Ние за Фросина бараме правда, не само од убиецот, бараме правда и од таткото. Бараме да се затвори таткото, да одговара таткото, Зоран Јованов и судијката Даниела Алексовска Стојановска, кои не излегоа јавно да изразат сочувство кон семејството, туку кукавички се кријат и бришат профили, изјави сестрата на загинатата девојка. 

Пред присутните на главната раскрсница во строгиот центар на градот, се обратија и организаторот Горан Василов и Викторија Недева, која прочита текст во името на другарките на Фросина.

-Нема зборови кои можат да ја изразат болката која ја чувствуваме од твојот ненадеен замин. Ти која ја боеше секоја секунда со нас, со твојата светлина, љубов, замина на најсуровиот можен начин. Но, знаеме дека со твојата енергија, насмевка и позитивен карактер, светот имаше нешто уникатно. Ти беше не само моден дизајнер, ти беше личност која успеваше да ги спои сите бои и да ги претвори во нешто што ќе остане во срцата на сите кои те познаваа, рече Недева. 

Ти, нагласи таа, не си само жртва на нечии неопростливи одлуки. Подвлече дека заминувањето на Фросина остави болка и сивило, но нејзините дух и дела ќе останат вечни. 

На собирот во Кавадарци присуствуваше и таткото на Викторија Николова, Славе од Радовиш, чија ќерка пред три години загина исто така на „Партизанска” во Скопје.

Со триминутен молк и палење свеќи, носење транспаренти, се даде почит и се побара правда и одговорност. Другарките на Фросина во нејзина чест пуштија 22 балони испишани со нејзиното име.

Попладнево во 17 часот протест е најавен и во Скопје на булеварот „Партизанска“ каде загина Фросина.