Реклама
Македонија

Сериозни пропусти се направени во истрагата за набавката на мазутот во ТЕЦ Неготино – Оставка од Абази бара ВМРО-ДПМНЕ

Серизони пропусти се направени во истрагата за набавката на мазут во Тец…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Серизони пропусти се направени во истрагата за набавката на мазут во Тец Неготино, владејачката ВМРО-ДПМНЕ се сомнева во намерни потези координарини од Ислам Абази. Наместо сериозно истражување и собирање докази, обвинителството истрагата ја водело со земање на изјави од некомпетентни лица за набавката на мазут,  скапа 167 милиони евра. Селективно се постапувало и не биле земени предвид извештаите на Државниот завод за ревизија. Со овие тврдења ВМРО-ДПМНЕ бара Советот на јавните обвинител да ја испита работата на обвинителката Катерина Коларевиќ и шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази.

Ревизорот пред две години утврдил дека милионската набавка ја испорала друга фирма од таа што била договорена со ЕСМ, а стручњаци од државните електрани утврдиле дека мазутот бил со нечистотии што потоа ја расипале мазутната станица во термоелектраната во Неготино.

  • И покрај ваквата утврдена лоша состојба и квалитет на мазутот, сепак ТЕЦ Неготино склучил анекс за да може овој скап договор да ја достигне сумата од 167 милиони евра.  Но очигледно е дека ваквите извештаи на Државниот завод за ревизија не биле забележани од Абази и Коларевиќ коишто поголемо внимание посветувале на изјави коишто им одговараат од некомпетентни лица наместо да ги земат во предвид релевантните извештаи коишто даваат сериозни индиции дека овој скандал вреден 167 милиони евра е поврзан и со направена штета во ТЕЦ Неготино, но исто така и со перење на пари и стекнување на противправна имотна корист“ изјави Антонио Милошоски – Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија го повикува Советот на јавните обвинители да го истражи постапувањето на Абази и Коларевиќ, за да утврди кои намерни или ненамерни пропусти се направени.

Реклама
  • За Абази и Коларевиќ сметаме дека не се достојни на функцијата да бидат во Јавното обвинителство за гонење на криминал и корупција, затоа што и двајцата имаат свои лични, семејни или политички долгови за нивниот кариерен напредок, а истите се поврзани со политичките партии ДУИ и СДС. Овој јавнообвинителски тандем Абази и Коларевиќ повеќе е приврзан за нивните ментори Заев, Ахмети и Венко Филипче отколку што е посветен на владеењето на правото и гонењето на организиран криминал и корупција. Со вакви обвинители осомничените како Васко Ковачевски, Јахоски, Сулкоски, Капушевски, Адријан Муча и други секогаш ќе бидат слободни луѓе, наместо да бидат изведени при лицето на правдата“ рече   Антонио Милошоски – Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

За паушално постапување на обвинителката обвинија и од државните електрани. Од таму посочија дека инженерите кои биле распрашувани за спорната набавка, немале ниту надлежност ниту знаеле да оценат финансиска штета, туку можеле да одговорат на прашања од технички апсект.

Компанијата тврди дека обвинителството не им ги доставило економските вештачења додека траела постапката, туку дури по нејзиното запирање, со што, според ЕСМ, била направена суштинска повреда на постапката.

  • На вкрстени прашања од правните застапници на осомничените за време на распитот, техничките лица на АД ЕСМ само констатирале дека вкупните количини на произведена ел. енергија  заклучно со април 2023 год. – одговарала на потрошената количина мазут во ТЕЦ Неготино и во тој поглед техничките лица само констатирале дека не била нанесена штета врз планот за производство, без да се елаборира дали потрошената количина била согласно тендерските услови и договорот“, реагираат од државната енергетска компанија.

Од државната енергетска компанија најавуваат приговор и бараат праведна разрешница, потенцирајќи дека како оштетена страна никогаш официјално не биле повикани да се произнесат за финансиската штета. Истрагата во живот може да ја врати Вишото обвинителство кое ќе одлучува по жалбата на ЕСМ.