Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Серија пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, лишени од слобода осум лица

Осум лица се лишени од слобода вчера и рано утрово по пријави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осум лица се лишени од слобода вчера и рано утрово по пријави за физички напади, закани, агресивно однесување и непочитување судски мерки за заштита од семејно насилство, информираат од Министерството за внатрешни работи. Полицијата поднела и две кривични пријави за одделни случаи во Кочани и Делчевско, како и извршила службен разговор по пријава за напад врз партнерка во Скопје.

Во Кочани, полицијата утрово во 2:30 часот го лишила од слобода К.А. (40). Според пријавата, тој во домот на роднини на неговата сопруга физички ги нападнал своите малолетни деца и други членови на семејството. За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото документирање ќе следува соодветна пријава.

Во Тетово, полицијата синоќа во 21:20 часот на улицата Илинденска го лишила од слобода Ј.М. (49) од гостиварското село Балин Дол. Неговата 38-годишна сопруга, со која е во бракоразводна постапка, пријавила дека тој ја следел и ѝ се заканувал. Според пријавата, вчера околу 17:05 часот дошол во салонот каде што таа работи, по што настанала вербална расправија во која ѝ се заканил дека ќе ѝ ги одземе двете заеднички малолетни деца. За случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјална работа во Тетово. Ј.М. е задржан во полициска станица, а по документирањето на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Реклама

Во Кичево, вчера во 16:20 часот бил лишен од слобода З.З. (56) од Кичевско, кој, според полицијата, не го почитувал судското решение со кое му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство кон неговата 49-годишна сопруга, со која е во бракоразводна постапка.

Во Македонска Каменица, полицијата синоќа во 20:30 часот го лишила од слобода Г.Г. (34) по пријава дека ѝ се заканувал и физички ја нападнал својата 23-годишна сопруга. За случајот е известен јавен обвинител. Во Гостивар, во 23 часот бил лишен од слобода и задржан во полициска станица М.Е. (32). Неговата 28-годишна сопруга пријавила дека тој ѝ се заканувал по телефон додека била со двете малолетни деца во Медицинскиот центар во Гостивар.

Во Куманово, во два одделни случаи, полицијата вчера ги лишила од слобода М.М. (26), по пријава дека се однесувал агресивно кон својата мајка, и Б.С. (38), по пријава дека физички ја нападнал својата поранешна сопруга.

Во Струмица, полицијата го лишила од слобода Д.К. (36), кој, според пријавата, синоќа околу 20:50 часот се однесувал агресивно кон Б.К. (52) пред нејзиниот семеен дом. При алкотестирањето му биле измерени 2,58 промили алкохол. Тој бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител.

Во Полициската станица Чаир, пак, вчера бил извршен службен разговор со Е.Б. (44) од Скопје по пријава дека физички ја нападнал својата 39-годишна партнерка. Од МВР информираат дека по документирањето на овие случаи ќе следуваат соодветни пријави или поднесоци.

Одделението за внатрешни работи Кочани поднело кривична пријава против Ј.Д. (67) од Кочани поради основи на сомнение за „загрозување на сигурноста“. Според полицијата, тој на 3 ноември во семејната куќа се однесувал агресивно кон сопругата и ѝ упатил закани.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела кривична пријава против А.Л. (45) од делчевско село поради основи на сомнение за „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. Според полицијата, пријавениот на 7 ноември во семејниот дом го навредувал своето 13-годишно дете, а следниот ден се обидел да го нападне со стаклен предмет, по што дошло до пресметка меѓу нив.