
Семејството на 22-годишната Теодора Ристовска, чие животот беше трагично одземен во сообраќајна несреќа, и чииот убиец доби само две години затвор, испрати јавно соопштение во кое се заблагодарува на премиерот Христијан Мицкоски за неговата навремена реакција и континуирана поддршка.
„Почитувани, сакаме искрено да ја изразиме нашата благодарност до целата јавност, како и до медиумите кои ги следат настаните, а особено до премиерот Христијан Мицкоски. Неговата навремена реакција и поддршка за случајот на нашата сестра и ќерка Теодора се од огромно значење за нас. Искрено се надеваме дека Судскиот совет ќе постапи адекватно во врска со скандалозната и срамна пресуда на судијата од Тетово, Ељведин Ферати. Како семејство, имаме сомнежи дека зад оваа пресуда стојат политички влијанија, мито и корупција. Ние ќе продолжиме да се бориме за правдата за Теодора“, стои во соопштението на семејството Ристовски.
Тие исто така јавно поставуваат прашање за иницијативата „Кој е следен“, прашувајќи зошто не се покажале заинтересирани за нивниот случај, иако тие се претставуваат како борци против корумпираниот систем. „Ги немаше ниту на последното рочиште кога беше изречена пресудата од само две години затвор за убиецот на Теодора. Смeтаме дека многу од овие иницијативи имаат скриени агенди, каде жртвите се само средство за постигнување на туѓи цели. Сè уште, јавно се заблагодаруваме на премиерот Мицкоски за неговата искрена поддршка, која веќе дава резултати. Се надеваме дека ќе продолжите да го следите судскиот процес за Теодора“, се додава во соопштението.

Се претпоставува дека пресудата за несреќата, во која животот го изгуби Теодора Ристовска, ќе продолжи да предизвикува силни реакции во јавноста. Премиерот Христијан Мицкоски јасно ја изрази својата разочараност: „Ова не е правда! Потфрли системот по сите основи“. Тој ги истакна сомнежите дека правдата не е задоволена, особено во контекст на пресудата од две години затвор за возачот кој ја усмрти Теодора.
„Како претседател на Владата и како родител, сум разочаран од оваа пресуда. Јас побарав од Судскиот совет да го преразгледа работата на судијата и да се анализира оваа пресуда. Ова не е прашање за политика, туку за битката за вистината и правдата“, изјави Мицкоски, додавајќи дека лично ќе го следи процесот и дека ќе се бори за правдата до крај.
По сообраќајната несреќа во август 2022 година, возачот кој ја прегази Теодора првично беше осуден на три години и шест месеци затвор. Сепак, Апелациониот суд ја намали казната на две години, додека Врховниот суд ги укина пресудите и го врати случајот на повторно судење. Судот во Тетово во последните денови повторно го осуди возачот на две години затвор.
Семејството на Теодора и јавноста остануваат разочарани од оваа пресуда, а појавата на сомнежи за integritetот на судијата Ељведин Ферати предизвика дополнителни контроверзи. Државниот просветен инспекторат утврди неправилности во неговите оценки, што доведе до предистрага од страна на Скопското јавно обвинителство.
