Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Семејствата не отстапуваат: Повторно марш за жртвите од трагедијата во Кочани

Во Скопје денеска ќе се одржи „Марш за ангелите“, организиран од семејствата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје денеска ќе се одржи „Марш за ангелите“, организиран од семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Маршот ќе започне во 12:05 часот пред Обвинителството — како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите — ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.

Семејствата на жртвите истакнуваат дека нема да престанат да бараат одговори за смртта на нивните деца и ги повикуваат сите граѓани да се приклучат на маршот. Во нивното писмено соопштение се вели:

„Ние заслужуваме одговори. Не сме правници и не разбираме како институциите прво приведуваат, па потоа пуштаат. Свесни ли се какво разочарување и недоверба создаваат ваквите постапки кај нас – луѓе кои се на работ на психолошка издржливост?“

Реклама

Од Обвинителството, пак, вчера упатија повик до семејствата на настраданите доколку сакаат подетално да се запознаат со истражната постапка. Имено, денеска можат да остварат средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и обвинителите кои го водат предметот. Секое семејство има право да назначи по еден претставник за средбата.

Досега семејствата организираа четири протестни маршеви во Кочани, со кои ги повикаа надлежните институции да не ја избегнуваат одговорноста за системските пропусти.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ се случи на 16 март и однесе 62 животи, а речиси 200 лица беа повредени. Меѓу загинатите и повредените беа и членови на бендот „ДНК“, кој настапуваше таа вечер.

Во истрагата се вклучени 13 обвинители. Досега се извршени бројни претреси, сослушани се сведоци и собрано е над 1.000 материјални докази. Предметот опфаќа повеќе од 60 физички и три правни лица, меѓу кои поранешни министри, актуелни и поранешни градоначалници на Кочани, директори на Пазарниот инспекторат, полициски службеници и лица од Дирекцијата за заштита и спасување.