Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

Селмани: Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство ќе го трансформира здравството

Имер Селмани се осврна на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имер Селмани се осврна на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и ја нагласи важноста на истиот. Според него, ова партнерство со една од светските сили, политички, економски и безбедносно, претставува силен импулс за суштионски реформи и инвестиции, особено во здравството. Тој истакна дека во следните две до три години се очекуваат конкретни придобивки за граѓаните, преку подобрување на услугите и враќање на довербата во институциите.

Селмани напомена дека е многу важно Владата да продолжи со реформите и според него, се споменуваат и планирани големи инвестиции во здравството и инфраструктурата, а нагласи и дека мора сите да бидат порактивни.

,,Освен во здравството најавите за големи инвестиции во инфраструктурата, секако мораме ние проактивно да играме“, кажа Селмани.

Реклама

Тој посочи и дека за граѓаните се битни реформските процеси, интегративните процеси, како и парите кои почнуваат да се инвестираат. Селмани го прокоментира и Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, при што посочи дека многу значи за земјата да има партнесрство со суперсила како Велика Британија.

,,Имаме супер договор со Велика Британија, да не го повторам, којшто значи многу за нашата држава, значи едно партнерство тоа е едно суперсила, моќна сила, економски, воено , политички“, вели Селмани.

Селмани додаде дека во следните 2–3 години се очекува силен финансиски импулс, кој не само што ќе ја подобри инфраструктурата и услугите, туку и ќе го поттикне неопходниот процес на реформи во системот. Според него, Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство претставува историска шанса за темелна трансформација на здравството и за зајакнување на довербата кај граѓаните.

,,Следи бран на големи инвестиции во здравството. Со стратешкото партнерство со Велика Британија еден од сегментите е инвестиции во здравството и тоа овие наредените две до три години. Така што нас освен што ни требаат инвестиции ни требаат и реформи таму каде што застанале многу години порано за да ние имаме зрдавствен систем којшто ќе ја подигне довербата кај пациентот“, заклучи Селмани.