Реклама

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Македонија

Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни, порачаа Мицкоски и Таравари

Лековите кои досега граѓаните ги плаќаа од свој џеб, од понеделник ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лековите кои досега граѓаните ги плаќаа од свој џеб, од понеделник ќе им бидат достапни со рецепт. Новите девет генерики кои се на позитивната листа ќе бидат на сметка на државата, Пациентите со кардиоваскуларни заболувања и невролошки состојби ќе имаат полесна достапност до современа терапија којашто се очекува да даде подобри резултати. Според министерот за здравство и премиерот ова е голем чекор, а граѓаните заслужуваат подобра здравствена заштита.

„Следен чекор е да се испитаат можностите за оптимизирање на финансирањето како гаранција дека позитивната листа редовно ќе се ревидира и ажурира, во чекор со потребите на нашите луѓе како и со напредување на технологијата во делот на лековите“, нагласи министерот за здравство, Арбен Таравари.

„Приоритет е да се обезбеди секој граѓанин да има пристап до лековите што му се потребни без да се соочи со финансиски тешкотии. Наша должност да ги заштитиме граѓаните и да му служиме на нашиот народ. За да ги надминеме постоечките предизвици и да ја постигнеме посакуваната мисија, мораме неуморно да работиме. Мораме да ја зајакнеме соработката на сите институции од Владата и да ги вклучиме сите релевантни партнери“, нагласи премиерот Мицкоски.

Реклама

Од СЗО го поздравија чекорот на Владата за ревидирање на листата со лекови. Но и реагираат дека многу луѓе не само во Македонија, секаде во светот, се борат да врзат крај со крај и мора да изберат помеѓу плаќање на трошоците за здравствена заштита или за храна и основни потреби.

После 15 години позитивната листа конечно е ревидирана. Терапии за висок крвен притисок, за деменција и антидепресиви за неколку денови ќе бидат подостапни за пацинтите.Изминатиот период, граѓаните беа осудени да плаќаат за лекови од свој џеб и често ги набавуваа во странство бидејќи во земјата не беа достапни. Повеќе од деценија и пол повеќе министри беа убедени дека ќе има ревидирање на листата, но освен ветувања и формирање на комисии, граѓаните не почуствуваа бенефит.

Владата најави дека ова е само почеток на промените во позитивната листа на лекови. Во следните месеци ќе има ново надополнување на медикаменти кои ќе бидат на товар на Фондот.

Ања Лукарова