Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Прилози

Секојдневни притисоци и навреди во автобусите на ЈСП – возачите и контролорите на удар од патници

Патник го фатил возачот за коса додека возел, па му ја удирал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Патник го фатил возачот за коса додека возел, па му ја удирал главата од волан. Во друг случај повеќемина го нападнале кондуктерот со клоци и го удирале со боксови. На крај завршил во болница. Ова е дел од секојдневието со кое се соочуваат вработените на ЈСП. Велат дека континуирано се изложени на стрес и притисоци од патниците, што може да влијае на безбедноста на сообраќајот. Од синдикатот бараат поголема заштита на вработените, почести контроли на полицијата и построги санкции за патниците кои не ги почитуваат правилата.

Имаше еден случај пред „Рекорд“ и тоа нема ни месец дена, двајца патници ја удирале главата на возачот од волан. И кај ќе вози во возилото. За среќа возачот бил присебен и застана на сред улица и побара помош. Пред една недела имаше го нападнаа физички линиска контрола. Затоа што побарал податоци од тој што немал билет и во тој момент одма го напаѓа, затоа што не сакал да се легитимира“, изјави Меџит Идризи од синдикатот на ЈСП.

Инаку од синдикатот веќе подолго време се жалат на вербални напади, притисоци и агресивно однесување од патниците. Оттаму велат дека во текот на месецот се случуваат четири до пет тепачки и инциденти во кои страдаат вработените на ЈСП. Некои се нервозни од чекањето автобус на постојките, но повеќето од инцидентите се случуваат затоа што патниците особено оние помладите одбиваат да платат билет. Освен шоферите, често мета на напади се и контролорите кои проверуваат дали патниците имаат билет.

Реклама

Јас сум контролор што да ви кажам толку неубави работи,  невкусни, сепак пак ќе повторам некултура. Обично средовечните лица си ја гледаат работата си плаќаат и карта. Она се другото ти е само проблеми. Ќе му бараш карта, ти вика ајде шетај, знаеш ми вика, абе знаеш ли кој сум јас. Ајде да видам кој си ти му викам излези, за 35 денари така“, вели контролор.

„Патниците се некултурни спрема нас и вршат притисоци речиси во секој правец кога возиме. Нема потреба од наша страна да не навредуваат како возачи“, вели возач на автобус.

Директорот на ЈСП Сашо Илиевски вели дека се постапува по секоја пријава на возач и кондуктер, а во соработка со надлежните институции се работи на расчистување на инцидентите и санкционирање на сторителите. Тој нагласува дека безбедноста на вработените и патниците е приоритет, и најавува дополнителни мерки за заштита, меѓу кои засилено присуство на контроли, подобра координација со полицијата. Од ЈСП апелираат до граѓаните на поголема култура во јавниот превоз и почитување на правилата, со цел да се избегнат вакви немили настани.