Реклама

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Македонија

Седници на три комисии денеска во Собрание

Во Собранието денеска треба да продолжи седницата на Комисијата за финансирање и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска треба да продолжи седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која четврти ден на дневен ред е предлог буџетот за 2025 година, а седници треба да одржат и комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, комисијата за култура и туризам и собраниската законодавно – правна комисија.

Комисиската расправа за предлог-буџетот трае 10 дена и треба да заврши најдоцна до 30-ти ноември по што продолжува на пленарна седница. За предлог – буџетот за 2025 година се поднесени вкупно 308 амандмани од кои 204 од опозициската сдсм. Согласно законот, буџетот за 2025 година треба да биде изгласан до 31 декември.

Со предлог-буџетот за 2025 година, вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41,350 милиони денари или на ниво од 4 проценти од планираниот бдп, а се предвидува раст на економијата од 3,7 проценти.