Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши за денеска во 11 часот ја закажа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши за денеска во 11 часот ја закажа седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежи за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година.

Како што информираа вчера од собраниската прес-служба, со седницата ќе претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Ова следи откако пратеникот Љупчо Пренџов како член на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР  јавно го повика претседателот на Комисијата Скендер Реџепи од Eвропскиот фронт да закаже итна седница по што претседателот на Комисијата Скендер Реџепи рече дека додека е претседател и дискриминиран нема да свика таков состанок.

Реклама
Претседателот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците Љупчо Пренџов на прес конференцијата по јавната расправа за потребата од измени на законската регулатива со

– Целта е на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани, изјави Пренџов.

Овие случувања, според пратеникот, предизвикале силна вознемиреност во јавноста и, како што рече, ја поткопуваат демократијата и довербата во институциите задолжени за заштита на националната безбедност.

– Токму затоа, обврска на Комисијата е да делува одговорно и транспарентно, со цел да се обезбеди отчетност на институциите и заштита на нивниот интегритет и демократијата во државата, појасни Пренџов.

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд денеска во изјава за ТВ Алсат го потврди ставот за кој веќе се шпекулира во јавноста оти го повлекува својот потпис за постигнување на ново парл

Реџепи потенцира дека тој не може да присуствува на таква седница бидејќи информациите се класифицирани, а тој нема одговор на барањето за безбедносен сертификат кое го побарал уште во ноември или декември минатата година.

– Која би била логиката, председателот на Комисијата да не може да присуствува на една таква Комисија или таков претрес во службите. Пред една година имам поднесено барање за безбедносен сертификат. Сметам дека тоа е дискриминација, истакна Реџепи.

Порача дека претседателот на Собранието има можност да свика седница на Комисијата.