Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за надзор над спроведување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.

На дневен ред на Комисијата е Годишниот извештај за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2025 година.

Во извештајот се посочува дека Комисијата во извештајниот период за 2025 година одржала четири седници. Се нагласува дека во текот на 2025 година, Комисијата не извршила надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите што се спроведуваат од овластените органи, ниту надзор над операторите и Оперативно-техничката агенција ОТА.

Реклама

Како што се вели во Извештајот, поради персоналните промени коишто настанале со Одлуката за изменување на одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Македонија („Службен весник на Македонија” број 118/25), составот на Комисијата е некомплетен, односно наместо 4 членови и 4 заменици-членови брои 3 членови и 3 заменици – членови.

-Комисијата сѐ уште нема ангажирано технички експерти за постојана поддршка. Имено, Комисијата не беше во можност да изврши избор на технички експерти со оглед на тоа што на Јавниот повик за ангажирање на двајца технички експерти за постојана поддршка на Комисијата број 19/6065-1 од 12 декември 2024 година, се пријави само еден кандидат којшто не ги исполнуваше потребните услови за избор. Со оглед на надлежностите на Комисијата, природата, комплексноста и суптилноста на материјата како предмет на работа на Комисијата, како и можноста за работа со класифицирани информации, податоци и сознанија кои можат да ги добијат претседателот и членовите на Комисијата при комуникацијата и соработката со надлежните органи, се применуваат одредбите од Законот за класифицирани информации („Службен весник на Македонија” број 275/19), Деловникот на Собранието („Службен весник на Македонија” број 248/23) и Деловникот за работа на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите бр.19-5967/2 од 12 декември 2024 година, како и мерките од Уредбите за физичка, административна, индустриска и информатичка безбедност на класифицираните информации во зависност од степенот на класификација – се посочува во извештајот.

Во насока на подобрување и зајакнување на парламентарниот и независен надзор, како што се потенцира во извештајот, целиот состав на Комисијата, како и собраниските службеници за поддршка на работата на Комисијата, активно се вклучени во активностите од Програмата за реформа на разузнавачко-безбедносниот сектор 2021-2026 година кои се организираат од страна на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ) врз основа на Меморандумот за соработка склучен со Собранието на Македонија.