Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Седница за опозициски прашања во Собранието

Собранието денеска ќе ја одржи 130. седница, на која пратенички прашања ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ќе ја одржи 130. седница, на која пратенички прашања ќе поставуваат пратениците од опозицијата.

Пред пратениците во рамките на денешната собраниска седница се вкупно 15 точки. Пратениците ќе расправат по предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, во второ читање, предлог-одлуката за изменување на одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, предлог-одлуката за изменување на одлуката за избор на шеф, членови и заменик-членови на делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предлог-одлуката за изменување на одлуката за избор на шеф, членови и заменик-членови на делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), предлог-одлуката за изменување на одлуката за основање пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави.

На дневен ред се и предлог-одлуката за избор на членови на Советот за граѓански надзор, предлог-кандидатот за именување на член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, предлогот на финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2027 година, предлог-одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2027 година и предлог-резолуцијата за миграциската политика на Република Северна Македонија 2026 – 2030 година, со акциски план.

Реклама

Пратениците ќе расправат и за неколку предлог-закони, кои се по скратена постапка – предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градењето, предлог-законот за изменување на Законот за рибарството и аквакултурата, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, предлогот на автентично толкување на член 23 ставови (1) и (2) од Законот за урбанистичкото планирање и барањето за давање на автентичното толкување на членот 17 од Законот за пожарникарството, а во врка со членот 2 став (2) од Законот за безбедност и здравје при работата, поднесено од пратеничката Славјанка Петровска.