Реклама

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Македонија

Седница на Уставен суд: На дневен ред 12 иницијативи, две барања за заштита на права и одлука за Законот за културата

Уставниот суд денеска ја одржува 27. седница на која судиите ќе разгледуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд денеска ја одржува 27. седница на која судиите ќе разгледуваат повеќе иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на законски и подзаконски акти, барања за заштита на слободите и правата, како и предмети поврзани со работата на здруженија и институции.

На дневниот ред се вкупно 12 иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, две барања за заштита на слободите и правата, еден предмет за оценување на уставноста на одредби од програма и статут, како и еден предмет за кој е предвидено одлучување по Нацрт-одлука.

Меѓу законските решенија што ќе бидат предмет на дискусија се одредби од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Законот за бесплатна правна помош, Законот за електронските комуникации, Законот за медијација, Законот за нотаријатот и Законот за високото образование.

Реклама

Особено внимание привлекува иницијативата со која се оспоруваат одредби од Законот за електронските комуникации, односно законските решенија што им овозможуваат на операторите да ги менуваат условите на веќе склучените договори со корисниците. Во иницијативата се отвораат прашања за правната сигурност, начинот на известување на корисниците и нивната заштита при еднострани измени на договорните услови.

На дневен ред се и три иницијативи поврзани со Законот за медијација, со кои се оспоруваат одредби што се однесуваат на доверливоста на информациите, изјавите и документите од постапката за медијација и нивната употреба во судски и арбитражни постапки.

Судиите ќе дискутираат и за законските услови за именување нотари, прекинувањето на секундарната правна помош, изрекувањето на прекршочната мерка „опомена“, како и за одредби од законите што ги уредуваат финансиската инспекција, високото образование и правата од социјалната и здравствената заштита.

Во делот на барањата за заштита на слободите и правата, Уставниот суд ќе разгледува два предмета во кои подносителите се повикуваат на заштита од дискриминација по основ на национална и социјална припадност. Едното барање се однесува на постапувањето на институциите во врска со одземање патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, додека другото се однесува на судска постапка и приговор за стварна надлежност на Основниот суд Виница.

На седницата ќе се разгледува и иницијативата за оценување на уставноста на одредби од Статутот на Здружението ловечко друштво „Церн камен 2010 Вевчани“, која се однесува на положбата и надлежностите на Дисциплинскиот суд во рамките на здружението.

Во делот предвиден за одлучување по Нацрт-одлука е предметот УЗ.бр.51/2025. За овој предмет Уставниот суд на 8 април 2026 година поведе постапка за оценување на уставноста на член 78-љ од Законот за културата, како и на уставноста и законитоста на Колективниот договор за културата.