Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Се зацврстува платформата за праведна енергетска транзиција – JETIP: Македонија ја повикува меѓународната заедница на партнерство

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, го отвори координацискиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, го отвори координацискиот состанок на Платформата за праведна енергетска транзиција – JETIP, истакнувајќи ја цврстата посветеност на Владата за спроведување на фер и инклузивна енергетска транзиција во земјата.

„Оваа платформа не е само алатка за координација на инвестиции – таа е клучниот столб на нашата национална визија за постепено напуштање на јагленот до 2030 година, интензивирање на обновливите извори на енергија и осигурување дека никој нема да биде изоставен од транзицијата“, изјави министерката Божиновска на отворањето.

На настанот, кој обедини претставници од меѓународни финансиски институции, донатори и технички агенции, беше презентиран напредокот во рамки на JETIP, како и идните чекори во креирањето и спроведувањето на мерки за енергетска и климатска трансформација.

Реклама

Министерката Божиновска посочи дека со донесувањето на новиот Закон за енергетика и интензивната работа на Националниот план за енергија и клима (NECP), земјата воспоставува јасна и интегрирана рамка за реализација на целите во пет клучни области: декарбонизација, енергетска ефикасност, безбедност на снабдување, интерен енергетски пазар и иновации. Вториот нацрт на NECP се очекува до средината на јуни.

„JETIP е ветување – до работниците, до нашите заедници и до идните генерации. Тоа е модел како треба да изгледа вистинската меѓународна соработка, кога локалните приоритети се усогласуваат со глобалните амбиции“, нагласи Божиновска, изразувајќи особена благодарност до сите партнери кои од почетокот се дел од процесот.

Посебен акцент беше ставен на приклучувањето на Француската агенција за развој (AFD), како нов партнер во рамки на платформата, што ја потврдува сè поголемата доверба на меѓународните актери во процесот што го води Македонија. На состанокот, министерката Божиновска упати јасен повик до меѓународната заедница: „Времето за поддршка и инвестирање е сега. Ги поканувам сите партнери да се приклучат – да инвестираат, да иновираат и да стојат со нас додека градиме одржлива, сигурна и праведна енергетска иднина за сите.“