Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Економија

Се враќа авиолинијата Скопје – Ларнака – Николоски обелодени дека разговарал и со „Рајанер“ да лета од македонските аеродроми

Македонија добива нова директна авиолинија – од 31 октомври 2025 година, граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија добива нова директна авиолинија – од 31 октомври 2025 година, граѓаните повторно ќе можат да патуваат од Скопје до Ларнака, во Кипар. Ова е 11-тата нова авиолинија воведена за само десет месеци. Министерот Николоски, соопшти дека ја потпишал спогодбата за воведување на оваа дестинација и најави дека летовите кон Ларнака ќе се одвиваат преку целата година.

„Вчера го потпишав договорот за отворање на 11 нова линија откако е оваа влада значи за 10 месеци имаме 11 нови линии тоа е Ларнака, Кипар до Скопје ќе лета цела година, и во текот на цела година ќе операрира“, изјави Александар Николовски, министер за транспорт и врски.

Дополнително, Николоски најави дека авионската линија Базел – Охрид, која првично беше планирана за јануари 2026 година, ќе започне со работа четири месеци порано – во октомври 2025 година. Владината стратегија за привлекување нови авиокомпании кои оперираат од, и кон, Македонија значително го раздвижи авиосообраќајот и од двата аеродрома.

Реклама

Добра вест е што допрва треба да има и нови авиолинии, а потенцијално и влез на уште еден реномиран нискобуџетен авиопревозник. Станува збор за „Рајанер“ со чие раководство Николоски веќе остварил и средба:

„Не е тајна дека имав средба лично со директорот на „Рајанер“, сакаме да ги донесеме во Македонија, за брзо време мислам дека ќе излеземе со добри вести и таму и секако Охрид е на мапата“, изјави, Александар Николовски, министер за транспорт и врски“, изјави Александар Николовски, министер за транспорт и врски.  

Со новата дестинација се очекува зајакнување на туристичката и трговската размена со Кипар, како и поголема мобилност за македонските граѓани. Летовите за Барселона и Лион веќе се активни од мај, а до крајот на септември ќе стартува и линијата Скопје – Штутгарт. Наскоро се очекуваат и нови релации кон шпанското и италијанското крајбрежје, како и нови рути кон Прага и Мадрид.

Одложениот лет за Дубаи со „Флајдубаи“ е најавен повторно за есенските месеци…

Министерот Николоски најави и амбициозен план: Скопје да стане транзитна станица за прекуокеански летови, по Атина и Белград. Целта – директни летови кон Северна Америка.

Во наредните месеци ќе започне модернизација и на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Во меѓувреме, од таму веќе  оперира турската Туркиш Ерлајнс со директни летови кон Истанбул.