Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Се враќа средното полициско училиште, упатените очекуваат да генерира квалитетни кадри

По повеќе од две децении повторно ќе почне да функционира средното полициско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќе од две децении повторно ќе почне да функционира средното полициско училиште. Оние кои сакаат да работат во иднина како полицајци, прво ќе треба да поминат две години во средно училиште, а следните две во полициската академија, која ќе функционира во склоп на центарот за обуки во Идризово. Училиштето ќе започне со работа на 13 мај, а кандидатите ќе треба да исполнуваат повеќе услови, првенствено да се здравствено и психофизички подготвени, а ќе треба да поминат и безбедносна проверка. За познавачите законот е добар и само таков може да создаде професионалци во полицијата.

„Тоа Средно полициско училиште во рок од четири години знае да исфрли добар кадар и психофизички и со боречки вештини истренирани, затоа што едно е да учите боречки вештини шест месец и а друго четири години. Јас мислам дека со ова дејствие со отворањето на средното полициско училиште ќе се врати многу повеќе довербата на граѓаните во полицијата“, изјавиЉубомир Ѓурчевски, поранешниот началник и експерт за безбедност.

Околу двесте ученици ќе се примат во првата учебна година НА Полициска академија. Идните полицајци во училиштето ќе учат како да одговорат на современите безбедносни предизвици од класичен и организиран криминал, па се до новите форми на дигитални закани . Ќе се работи по наставни планови и програми утврдени од министерството за образование и наука во согласност со министерството  за внатрешни работи.

Реклама

„Во првите две години покрај општите предмети задолжиотелна е хемијата и биологијата заради криминалиситчката трехника која ќе се изучува во трета и четврта година, нормално криминалистичките науки, тактиката, методологијата во откривање на кривичните дела по области, кривичното право, казненото процесно право, односно законот за кривична постапка, прекршочното право, управното право“, изјави Љубомир Ѓурчевски, поранешниот началник и експерт за безбедност.

Досега полицаец можеше да се стане со завршено средно образование и курс кој трае од шест до девет месеци. Последната генерација (24-та) во Средното полициско училиште завршила во 2000 година, а со примената на ова законско решение ќе се продолжи со 25-та генерација ученици во Средното полициско училиште.