Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Прилози

Се тресат поврзани со производство на опојна дрога: Голема полициска акција во Скопје и Струмица по заплената на пет тони марихуана во Србија

Голема полициска акција во Струмица и Скопје, се тресат поврзани со производство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голема полициска акција во Струмица и Скопје, се тресат поврзани со производство на опојна дрога. Ова е единствената информација која засега ја потврдуваат од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршувањето на сите активности. Акцијата се спроведува во соработка со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а доаѓа по големата заплена на пет тони марихуана во Србија, за која српските власти трврдат дека влегла од Македонија.

Според информациите претреси се вршат и денеска на неколку локации, поврзани со истрагата кај северниот сосед. Неофицијално до сега пронајдени биле неправилности во работењето, марихуаната незаконси се одгледувала, складирала, чувала и транспортирала.

-МВР во координација со ОЈО ГОКК презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица во врска со опојна дрога. Повеќе детали по завршувањето на активностите, велат од МВР.

Реклама

По реакциите во јавноста, претходно Обвинителството информираше дека е отворен предмет во врска со заплената на пет тони марихуана во Србија. Под истрага е копманијата Алфафарм ДОО од Скопје, а осомничен е еден од нејзините сопственици Иван Драганиќ.

-Обвинителството има оформено предмет и веќе се преземаат конкретни, насочени и координирани дејствија за целосно утврдување на сите факти и околности за поврзаноста на Република Северна Македонија со овој случај, со цел обезбедување целосна кривично-правна одговорност, кажаа од ОЈО ГОКК.

Според неофицијалните информации уште од минатиот четврток вечерта целосно запоседнат е и објектот на поранешната фабрика Охис во Скопје. Активностите се насочени кон т.н. „легални“ производители на Канабис, за кои постои сомнеж дека со години ја злоупотребуваат дозволената дејност.

Инаку, Компанијата Алфафарм ДОО Скопје која е предмет на истрага на обвинителите, е регистрирана во Македонија во 2023-та година, со основачки капитал од 529 илјади и 50 евра. Регистрирана е како фирма за одгледување и преработка на ароматични и лековити билки за фармацевтска употреба. Компанијата дозвола за одлегување канабис во медицински сили добила 16-ти април 2024-та година. Според податоците од Централниот регистар, косопственици таму се Иван Драганиќ, Предраг Брковиќ, Роберт Живковиќ и Јована Мијаловиќ.

Матеја Петровски