Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Се санираат штетите во штипското училилиште „Ванчо Прќе“ по вандалскиот чин, редовната настава продолжува во понеделник

Во тек е санирањето на штетата што ја има направено насилникот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е санирањето на штетата што ја има направено насилникот во училниците за предметна настава во Општинското основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“-Штип, а со редовна настава учениците од А смена од прво до деветто одделение и од Б смена од прво до деветто одделение ќе се вратат во понеделник, информираше директор на ООУ „Ванчо Прќе“-Штип, Кокан Радев. Тој истакна дека настанот беше веднаш забележан и пријавен, по што се преземени соодветни мерки во координација со надлежните институции.

-Службите реагираа навремено, а училиштето е веќе целосно средено и исчистено. Направена е проверка на сите простории и констатирано е дека нема никаква опасност за учениците и вработените. Сакаме јасно да потенцираме дека наставниот процес продолжува непречено во понеделник и се одвива според предвидениот распоред-вели Радев. 

Тој истакна дека безбедноста и благосостојбата на учениците и вработените се и ќе останат нивен врвен приоритет, и во таа насока ќе продолжиме со дополнителни мерки за превенција и зајакнување на сигурноста.

Реклама

Тој апелираше и до медиумите и до граѓаните да не шират непроверени информации, како и фотографии. Посочувајќи дека на социјалните мрежи беше објавена фотографија од тоалет во училиштето со испишани пораки. Радев вели дека таа фотографија е монтажа, од засега непознато лице. 

Наставата не започна за над 1.100 ученици од најголемото централно училиште во Штип, по вандалски чин. Уништени се смарт табли, табли, инвентар, компјутери. Вандалот со спреј и остар предмет ги правел штетите низ училиштето, а на ѕидовите со спреј испишал и недолчични содржини. Радев тогаш изјави  дека е направена голема материјална штета во кабинетите за предметна настава. Вандалот единствено не успеал да влезе во кабинетот по хемија, бидејќи бил заклучен. Радев вели дека според камерите инасталирани во училиштето вандалот влегол околу полноќ.