Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Саудиска Арабија

Амбасадата на Македонија во Абу Даби соопшти дека се разгледува можноста за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадата на Македонија во Абу Даби соопшти дека се разгледува можноста за репатријација и евакуација на нашите граѓани од Обединетите Арапски Емирати преку Кралството Саудиска Арабија. Како што се наведува во објавата на социјалните мрежи, репатријацијата и евакуацијата на нашите граѓани, кои се затекнати во ОАЕ, ќе се одвива преку копнената граница кон Кралството Саудиска Арабија и од таму со авиони што полетуваат од нивна територија.  

– Транспортот од Обединетите Арапски Емирати до Кралството Саудиска Арабија би се одвивал по копнен пат со автобуси и тој би траел од 13 до 15 часа. Преку формално барање/нота од Амбасадата и МНР врз основа на доставен список, властите на Саудиска Арабија би издале хуманитарни визи за македонските граѓани на самиот граничен премин – се наведува во информацијата.

Македонските граѓани, кои се заинтересирани за оваа можност, треба да се пријават на дежурниот број на Амбасадата +971 56 441 7532, како и на имејл-адресата: [email protected].

Реклама

Министерството за надворешни работи пред два дена ги објави телефоните за помош за нашите граѓани на Блискиот Исток.