Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Се проширува активноста на Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија”

Македонското здружение „ВМРО ДПМНЕ Албанија”, ја проширува својата организациска поставеност во делови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското здружение „ВМРО ДПМНЕ Албанија”, ја проширува својата организациска поставеност во делови на земјата со поголема концентрација на Македонците.

– Во срцето на Корча, каде што живее споменот на нашите предци и пулсира македонскиот дух, вчера  беше формирана структурата на македонското здружение ВМРО-ДПМНЕ Албанија. Со гордост и трепет во срцето, ја направивме првата историска промоција на здружението во овој град, испишувајќи нова страница за Македонците во Албанија, изјави Кристо Цветко, генерален секретар на здружението.

Присуството на Македонците, како што рече, било над очекувањата, имало познати македонски активисти меѓу кои и Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа”.

Реклама

– Ви посакувам успешна работа, проширување на активностите насекаде каде што не има. Присуството на млади, образовани и умни наши деца не прават посебно горди. Ова е повеќе од потврда дека македонскиот дух живее и расте. Посакувам на секоја наредна средба да бидеме уште побројни,  порачал меѓу другото Темелко, кој е основач и прв претседател на партијата МАЕИ и поранешен градоначалник на Општина Пустец.

На средбата, според Цветко,  формирани се органите, избрани се „достоинствени луѓе – угледни, школувани и патриотски определени, кои ќе стојат на браникот на македонската кауза”.

За координатор на здружението за Корча избран е Несто Китани, за Билишта, Афрдита Аго, координатор на Унијата на млади Ернест Коце, Катерина Митре на Унијата на жени и Јани Тане на Унијата на ветерани.

-Ова не е само организација туку враќање на достоинството, на самобитноста и на гласот што долго време беше потиснат. Продолжуваме посветено, чекор по чекор, до секое село, до секоја душа што се чувствува Македонец, посочува тој.

Следна активност е избор на координатори на здружението во Голо Брдо и Пустец. 

Здружението, со седиште во Тирана, беше регистрирано во почетокот на септември годинава. Претседателка на здружението е Елена Симонофски.