Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Економија

Се повлекуваат спорните закони за јавна администрација кои ги достави претходната власт

Министерот за јавна администрација Горан Минчев ги повлече од собраниска процедура спорните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација Горан Минчев ги повлече од собраниска процедура спорните три закони од таканаречениот пакет за реформи во јавната администрација поднесени со европско знаменце на предлог на претходната Влада. Токму овие законски решенија во минатото беа причина синдикатите да излезат на протести поради стравот дека ќе се спречи усогласување на платите со раст на минималецот. Минчев ќе отвори широка дебата, во која ќе бидат вклучени и синдикатите која ќе трае два месеци. Откако ќе се разработат предлозите на сите засегнати страни, кон крајот на септември, ќе се знае како ќе се направи администрацијата помала, поефикасна, на кој начин ќе се формираат платите и назначуваат унапредувања на службениците.

Нема ништо намерно, само треба да се почитува законот. Промената на процентите на етничките заедници во балансерот е направена согласно Законот за вработени во јавен сектор. Ова е реакцијата на министерот за јавна администрација Горан Минчев откако коалицискиот партнер ВРЕДИ го оцени неговиот потег како провокација. Минчев им порача на коалиционите партнери од „Вреди“ да се вразумат и дека тој немал намера никого да провоцира.

„Најмалку имам намера да провоцирам еден од нашите коалициски партнери. Еден од принципите на коалицијата е и тоа. Во Законот за вработени во јавниот сектор, децидно пишува дека алатката балансер се применува за граѓаните кои живеат на територија на Македонија, а тоа е резидентното население. Се надевам дека колегите од ‘Вреди’ ќе се вразумат и ќе потрошат повеќе внимание на читање на постоечките закони, а нема да се занимаваат со дневно-политички теми“ – вели Минчев.

Реклама

Со новите пресметки на Минчев, кои се базираат исклучиво на процентот на резидентното население во земјава, се намалува застапеноста на Албанците во администрацијата на 24,3%, наместо досегашните 29,5%. Македонците од 54,21% сега се 58,44%. Премиерот Мицкоски истакна дека е очекувано меѓу коалициските партнери да има несогласувања околу некои теми, но поважно е да се согласуваат за поголемиот дел од прашањата.