Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Се потврдуваат тезите дека Бугарите сакаат комплетно редефинирање на македонскиот идентитет, вели Мицкоски

Се потврдуваат тезите дека барањето Бугарите да бидат во Уставот не е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се потврдуваат тезите дека барањето Бугарите да бидат во Уставот не е единственото барање што тие го имаат, туку комплетно редефинирање на македонскиот идентитет, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по божикната литургија во Соборниот храм во Скопје одговарајќи на новинарско прашање.  

– Мене тоа не ме чуди, не знам дали тоа некого го чуди во државава. Само ги потврдуваат оние тези кои што ги имавме од првиот момент дека не е Бугари во Устав единственото барање туку комплетно редефинирање на македонскиот идентитет. Но ова се денови кога треба да простуваме, да се обединуваме, да се сплотуваме и како народ и како нација и мислам дека конечно како народ ќе сватиме без разлика дали сме во власта или во опозицијата дека за некои прашања едноставно треба да бидеме заедно, изјави премиерот Мицкоски.

Изрази жалење, што, како што кажа, претходната Влада на еден таков начин „влезе во оваа авантура и го заглави евроинтегративниот процес на државата“.Апелираше до опозицијата да ги напушти тезите што ги пласира во јавноста во однос на евроинтеграциите и да застане во одбрана на македонските национални интереси. 

Реклама

– Жалам што ја прифати капитулацијата или ултиматумот тогаш од страна на нашиот источен сосед, наместо да не послуша и тогаш. Но, еве повторно апелирам до опозицијата, подадена е раката, исправена е раката да ги напуштат тие нивни тези кои ги слушаме во јавноста и да застанат конечно во одбрана на македонските национални интереси. Ова е таков ден, рече премиерот Мицкоски.  

Бугарија пред неколку дена не го прифати Предлог – Акцискиот план за малцинствата бидејќи, како што беше соопштено, бил напишан на македонски јазик. Акцискиот план за унапредување на правата на малцинствата, кој е во работна верзија, е изработен во согласност со став 35 од преговарачката рамка за земјава, усвоена од Советот на Европската Унија на 18 јули 2022 година.