Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Се огласи мајката Зорица: Вања не е само број на жртва, Вања беше живот, со очи, со глас, со планови

„Спушнавме различни теории на заговор, политички прогони, местенки, многу приговори, но за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Спушнавме различни теории на заговор, политички прогони, местенки, многу приговори, но за жал еден факт останува непобитен – Вања ја нема“, стои меѓудругото во писмото на Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања, која преку својот адвокат до Судот достави емотивно писмо во кое ја сподели неизмерната болка.

Писмото во целост:

„Се обраќам до судот, не како мајка туку и како човек кој живее со најтешка и необјаснива болка. Скоро цела година целата јавност внимателно го следи овој макотрпен судски процес. Сите обвинети се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата што им се ставаат на товар. Во текот на процесот беа презентирани низа материјални докази и сведоштва, секојдневно и насекаде слушаме различни теории на заговор, одбрани базирани на наводни политички прогони, местенки, безбројни приговори. Но, за жал еден факт останува непобитен, Вања ја нема. Ја киднапирале и ја однеле, ја убиле безмилосно на најбрутален начин, детето мое. Кога ќе слушневме за некој немил настан во светот, на двете мои ќерки им велев дека вакви работи кај нас во Македонија не се случуваат, далечни ми беа. Но, се случи и тоа токму мене на моето најмило и не смее да се повтори. Ниту еден родител не смее да го доживее тоа што јас го доживеав. Да го испрати детето во училиште и по една недела да го најде во мртовечки сандак. Вања не е само број на жртва, Вања беше живот, со очи, со глас, со планови. Таа беше ќерка, сестра, внука, братучетка, другарка. Имаше 14 години и како секоја деветто одделенка се радуваше на долгоочекуваната полуматура. Правеше планови за зимнување и летување со другарчињата од одделението и подготвувајќи се за новите предизвици со кои требаше да се соочи. Вања сакаше да гледа стари филмови од 70-тите и 80-тите ги знаеше знамињата и главните градови буквално на сите држави во светот. Кога ќе ја заинтересираше некоја тема ја проучуваше детално, наоѓајќи одговор за секое прашање. Ја сакаше историјата. Секое утро со музика се подготвуваше за на училиште и тоа утро последното утро стана си ја пушти омилената песна и потпевнувајќи се подготви за училиште. Ја испратив до врата и ѝ реков „Се слушаме мама подоцна“. Тоа беше последен пат да ја видам. Вања не ја дочека полуматурата, не ги дочека ниту патувањата со соучениците не дочека ниту да ги искуси предизвиците“, стои во писмото.

Реклама

Сепак, Судот не дозволи да се дочита писмото, со образложение дека „истото не се однесува на околностите на кои што оштетение имаат право, а тоа се имотно правното побарување и кривичниот прогон“.