Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Прилози

Се одложи јавната седница во Апелација за убиствата на Вања и Панче

Боре Видевски, еден од осудените за двојното убиство – на малолетната Вања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Боре Видевски, еден од осудените за двојното убиство – на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски не е во животозагрозувачка состојба. Втор ден како е сместен на Клиниката за нефрологија, поради проблемите кои ги има со бубрезите. Неговата хоспитализација ја одложи седницата пред апелационите судии за 11 мај. Неговиот адвокат бара тој да биде задржан на болничко лекување бидејќи, како што тврди, резултатите на Видевски покажувале потреба од дијализа.

  • Видевски не можеше денеска да присуствува затоа што неговата здравствена состојба е до толку влошена, што пред два дена изгубил свест во притворското одделение во истражниот затвор Скопје, поради тоа што тој живее со еден бубрег, кој му е пресаден. Не е лекуван континуирано во затворски услови, затоа што таму и нема услови да биде лекуван, оти има потреба од дијализа“, рече Бојан Манев – Адвокат на Боре Видевски.

Од затворот во Шутка тврдат дека досега во повеќе наврати Видевски бил прегледуван од затворскиот лекар, а по потреба носен бил и на скопските Клиники. Пред два дена тој бил однесен на преглед на специјалист и бил вратен назад во ќелија, за вчера да биде хоспитализиран.

  • Штитеникот е константно под здравствена контрола. Над 20 пати истиот го имаме носено што кај примарен доктор, кај нашиот доктор, кога им потреба го носиме на терцијално здравство. Да наредниот ден, вчера, на 08.04 биде хоспитализирана. Побаравме од болница официјално каква е здравствената состојба, но неофицијално е надвор од животна опасност, вели за Алфа, Бобан Утковски – Директор на КПУ Затвор Скопје.

На главната расправа во Апелација, одбраната треба да ги образложи жалбите на првостепената прусуда во која Љупчо Палевски Палчо, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев се осудени на доживотен затвор.

Реклама

За грабнувањето и за суровото убиствата со пиштол на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, Кривичнен лани во јуни Палевски го осуди како директен извршител и Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев како негови помагачи. Обвинителството го гонеше и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, но судијата Ивица Стефановски го ослободи од обвинението затоа што обвинителството не го докажа тоа.

Според првостепената пресуда, обвинетите добија по 10 години затвор за грабнувањето на Вања,, а доживотен затвор за убиствата. Целта им била да изнудат пари од  мајката на девојчето. Жалба има поднесено и обвинителството за ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.