Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Се намалува бројот на склучени бракови, а се зголемува на разводите

Во 2025 година се склучени 10.507 брака и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 5,1 %. Бројот на разводи, пак, изнесувал 2.185 или за 8,0 % повеќе од 2025 година. Најмногу бракови, 1.362 или 13,0 %, се склучени во август, а најмалку во март, 473 брака или 4,5 %, покажуваат податоците […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во 2025 година се склучени 10.507 брака и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 5,1 %. Бројот на разводи, пак, изнесувал 2.185 или за 8,0 % повеќе од 2025 година.

Најмногу бракови, 1.362 или 13,0 %, се склучени во август, а најмалку во март, 473 брака или 4,5 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92,8 % за жените и 92,1 % за мажите. Во втор брак со учество од 7,1 % и во трет брак со учество од 0,8 % во вкупниот број склучени бракови почесто стапуваат мажите.

Реклама

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27,5 години за невестата и 30,2 години за младоженецот.

Во 2025 година, според возраста, најмногу бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 3.448 или 32,8 % кај жените и 3.750 или 35,7 % кај мажите.

Според возраста, најголем број разводи имало во старосната група од 35 до 39 години, од кои 400 или 18,3 %, кај жените и 381 или 17,4 % кај мажите.

Според траењето на бракот, најмногу разводи, 478 или 21,9 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.