Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

Се гледа крајот на хаосот – Нови 150 еколошки автобуси и градски воз ќе го подобрат превозот во Скопје

Во 150 нови еколошки автобуси за година и пол ќе возат македонските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во 150 нови еколошки автобуси за година и пол ќе возат македонските граѓани. До крајот на март ќе се знае фирмата која ќе ги испорача градските автобуси, од кои 100 ќе бидат за Скопје, а останатите 50 за другите градови каде што има градски превоз.  Министерствто за транспорт го распиша тендерот кој вклучува и 75 станици за полнење на автобусите.

Најповолниот понудувач има обврска да произведе и да испорача  30 автобуси во рок од 6 месеци, 60 автобуси за една година или вкупно 150 за година и пол.

  • „Ова е дел од стратешкиот план за трансформација на градскиот сообраќаен систем и подигнување на економичноста на транспортната мрежа. Со оваа инвестиција  испраќаме јасна порака во борбата против аерозагадувањето и подобување на условите за граѓаните во делот на користење на јавниот превоз како долгорочна инвестиција во транспортниот сектор и јавните услуги“ – соопшти Министерството за транспорт. 

Со набавката на новите 100 автобуси, конечно ќе се воведе ред во јавниот градски превоз. Скопјани ја поздравуваат одлуката на Владата и градските власти за обновување на флотата на ЈСП и очекуваат старите и дотраени автобуси конечно да се тргат од улиците.

Реклама

Во моментов ЈСП располага со околу 180 автобуси, но поради честите дефекти и поправки, тие се недоволни за да ги задоволат потребите на скопјани.

Покрај набавката на новите автобуси, откочен е и проектот за Брз автобуски превоз (БРТ). Од Владата најавија дека е добиено писмо од Европската банка за обнова и развој, со што до март Град Скопје треба да формира проектна единица и да го измени планот за јавни набавки. Со кредитот за овој проект ќе бидат набавени дополнителни 30 автобуси, за што градоначалникот Ѓорѓиевски рече дека набрзо ќе се распише тендер. Скопјани велат дека со ставањето во функција на БРТ, времето на возење до посакуваните дестинации значително ќе се намали.

Анкета 2:

Скопјани оваа година ќе ја добијат и првата траса од градскиот воз. Рутата од Зелениково до Скопје ќе се поминува за 25 минути што дополнително ќе треба го олесни сообраќајниот хаос во главниот град.