Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Се финализира реконструкцијата на атлетската патека на градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес

По завршените подготвителни работи и асфалтирањето, реконструкцијата на атлетската патека на Градски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По завршените подготвителни работи и асфалтирањето, реконструкцијата на атлетската патека на Градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес влегува во завршна фаза. Градоначалникот Марко Колев информира дека изведувачот веќе го обезбедил потребниот тартан, кој е донесен и подготвен за финално поставување.

Тој најави дека со стабилизирање на временските услови ќе биде комплетирана реконструкцијата на патеката, што претставува исполнување на долгогодишно барање на велешани.

Проектот, вреден околу 20 милиони денари, Општина Велес го реализира во соработка со Министерството за спорт, со финансиска поддршка од Владата.

Реклама

-Ова е значајна инвестиција во спортот и здравјето на граѓаните- истакна Колев.

Атлетската патека, која во изминатите години беше целосно руинирана и неупотреблива, е изградена во 1982 година и во тоа време важела за една од најубавите во поширокиот југословенски регион. Со текот на времето и поради долгогодишна употреба, таа значително се оштети, поради што спортистите и рекреативците од Велес со години бараа нејзина целосна обнова.