Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

„Сејф Сити„ си ја врши својата работа: бројката на казни е намалена за 10 проценти, а пад има и на бројката на несреќи

Прво негодуваа, па се бунтуваа, но сега работите си легнаа на брашно.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прво негодуваа, па се бунтуваа, но сега работите си легнаа на брашно. Возачите полека, но сигурно се навикнуваат на системот „Сејф Сити“. За време на вторите седум дена од месецот февруари казните кои биле изречени се за 10% помалку во споредба со првата недела од истиот месец. Што практично значи дека улиците во Скопје, но и другите места каде е воведен системот се далеку побезбедни.

Според МВР, ако во првата недела од месецов биле регистрирани вкупно 4991 казни, за време на втората биле констатирани 4490 сообраќајни прекршоци. Во одбнос на возење со брзина поголема од дозволената, во споредба со првата недела од месецов, бројот на казни е намален за 8%, а за минување на црвено светло за цели 79%. Бројот на констатирани прекршоци за управување на возило без сообраќајна дозвола во првата недела броел 154, а за време на втората брои 160, што е приближно ист во споредба на двете недели.

„Во периодот од 09.02.2026 до 15.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.490 прекршоци, што претставува намалување за 10% во споредба со првата седмица во месец февруари кога беа регистрирани 4.991 прекршок.

Реклама

Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4.297, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 33, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 160 прекршоци.“- вели протпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Меѓутоа МВР не дејствува само преку новиот безбедносен систем. Сега сообраќајната полиција има време и простор да врши друг вид на контроли. Па така од почетокот на февруари до сега на територијата на цела држава се одземени вкупно 90 возила поради управување без положен возачки испит, изречена мерка за забрана за управување или биле под дејство на алкохол.

„Од нив 14 возила се одземени на територија на СВР Тетово, 13 возила се одземени на територија на СВР Велес, 12 возила на територија на СВР Битола, по 11 на територија на СВР Струмица и СВР Куманово…“- вели портпаролот Андреевски.

Пад има и во однос на сообраќајните несреќи. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се обезбедат безбедни улици за секој учесник во сообраќајот.