Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

„Сејф Сити“ носи резултати: Помалку прекршоци, повеќе безбедност

Помалку прекршоци, поголема безбедност и значително помал број поплаки. Системот „Сејф Сити“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Помалку прекршоци, поголема безбедност и значително помал број поплаки. Системот „Сејф Сити“ веќе дава резултати и ги менува навиките на возачите. Драстично опаѓа бројот на граѓани и фирми кои поднесуваат приговори за сообраќајни прекршоци.Според Основниот кривичен суд Скопје, во март биле поднесени само 65 приговори.

“Претходниот месец до судот се поднесени вкупно 65 приговори, од кои 22 од правни лица и 43 од физички лица, за разлика од 476 приговори, поднесени во февруари кога стартуваше со казни системот.Од судот посочуваат дека 16 судии од Одделот за прекршоци навремено постапуваат по поплаките на возачите, а досега се решени 92 предмети” – велат од Кривичниот суд.

Преку системот „Безбеден град“ во март биле констатирани 26.241 сообраќаен прекршок, што е зголемување во однос на февруари кога биле регистрирани 19.066 сообраќајни прекршоци.

Реклама

Граѓаните сметаат дека системот “Сејф Сити веќе го ја зголеми сообраќајната култура и кај пешаците и кај возачите.

Веќе два месеци функционира системот “Безбеден град” откако е воведен, најголем број на прекршоци се за брзо возење.  

Казните кои се изрекуваат се движат од 15 до 400 евра поради брзо возење над дозволеното.200 до 300 евра за поминување на црвено светло и се одзема возачка дозвола, а доколку е истечена регистрацијата казната е од 50 до 100 евра. Досега камери се поставени само во Скопје, Тетово и Куманово, а од МВР велат дека се очекува системот да се прошири на цела територија на државата во текот на оваа година.