Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Прилози

СДСМ во комуникациски апсурд околу „Златната виза“ на Филипче – спинување, наместо одговори

Спинување, наместо одговори. Во обид да избега од вистинста за златната виза…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спинување, наместо одговори. Во обид да избега од вистинста за златната виза на Венко Филипче, СДСМ влезе во комуникациски апсурд што тешко може да се објасни со логика. Откако ТВ Алфа објави детали поврзани со златната виза на Филипче, партијата излезе со обвинувања дека зад тоа  стоел „приватен Мосад“ кој наводно го „откопал“ документот. И токму  тука започнува парадоксот. Во следниот прилог, каде Алфа објавува нови детали за визата, директно го цитира токму ова обвинување на СДСМ:

„Немал, па имал, па „фејк њуз“ било дека има, па ТВ Алфа преку приватни служби била крива што ја објави златната виза, која лидерот на СДСМ ја има. Докторот Венко еднаш вели едно, и директно се контрира со извршниот директор во Дубаи, Филипче“, стои во прилогот емитуван на Алфа.

И наместо одговор со факти или аргументи, следува нова конструкција од Бихаќка:

Реклама

„Алфа ТВ денеска јавно призна дека Black Cube (приватниот Мосад) е нивна алатка“, стои во соопштението на СДСМ.

Се поставува едноставно прашање – што точно признала Алфа? Дека го цитирала соопштението на СДСМ? Ако цитирање на нечии ставови за нив претставува „признание“, тогаш станува збор за опасна замена на тези и обид јавноста да се воведе во целосна конфузија.

Ова е уште еден пример како, во недостаток на суштински одговори за прашањата што ги отвори случајот со златната виза, СДСМ се обидува вниманието да го пренасочи кон конструкции што се распаѓаат при најелементарна проверка. Наместо да одговорат на дилемите што ги интересираат граѓаните, тие креираат наратив во кој сопствените тврдења подоцна ги претставуваат како туѓо „признание“.

Но ваквиот однос не е само политички спин. Континуираните напади и обиди за дискредитација на медиумите, особено кога тие поставуваат непријатни прашања, директно удираат врз медиумските слободи и правото на јавноста да биде информирана.

Не е случајно што земјава бележи назадување на меѓународните индикатори за медиумски слободи. Кога политички партии наместо со аргументи одговараат со етикетирање, притисоци и конструкции, се создава атмосфера во која критичкото новинарство се третира како непријателство.

Односот на политичките чинители кон медиумите е директен показател за нивниот демократски капацитет. А кога на едно едноставно новинарско прашање следуваат контрадикторни соопштенија, обвинувања и апсурдни спинови, тогаш проблемот не е во медиумот што прашува – туку во оние што очигледно немаат одговор.