Реклама
Прилози

СДСМ со жестоки навреди кон Петре Шилегов: Имал склоности, пороци, приватни слабости и долгови

СДСМ продолжува со крајно недолични и ниски навреди  кон  поранешни видни партиски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ продолжува со крајно недолични и ниски навреди  кон  поранешни видни партиски функционери. Сега повторно на удар е Петре Шилегов. Критиките кон раководството предводено од Венко Филипче беа причина СДСМ преку соопштение да го нападне поранешниот градоначалник на Скопје. Ова доаѓа откако Шилегов порача дека актуелното раководство довело до катастрофални изборни резултати и јавно побара оставки, велејќи дека се сведе партијата на 100 илјади гласа и 15 пратеници, а со тоа да стане петта во Скопје, а трета на држвно нивно . Според него ова е катастрофа и затоа треба д аима одговорност.

Ова за СДСМ беше повод да упатат лични навреди кон Шилегов, обвинувајќи го дека работел за ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа веќе на сите им е јасно. Не се знае само дали Шилегов е уценет или купен? Имајќи ги предвид неговите склоности, пороци, приватните слабости и долгови, предавството на Шилегов на сопствената партија и на членовите на СДСМ е очекувано. Како што впрочем најави и претседателот Филипче, пишува во соопштението на СДСМ.

Реклама

Шилегов кој сега е навредуван од својата партија, во минатото од СДСМ два пати беше предложен за градоначалник на Скопје, а партијата го оцени како одличен избор. Венко Филипче не сакаше да одговори што тоа кажува за нивната кадровска политика, штом сега имаат вакви зборови за него.

-Кога ќе ги видите нивните пораки, во јавните настапи, во статусите, ќе видите дека се тоа пораките на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, критиките се сведуваат на тоа. (Новинарско прашање: Господине Филипче синоќа имавте соопштение со низа навреди за Петре Шилегов, ваш член и поранешен висок партиски функционер, еве ќе прочитам дел: „Имајќи ги предвид неговите склоности, пороци, приватните слабости и долгови“. Но, сепак Петре Шилегов беше човек кој вие како партија го предложивте два пати за градоначалник на Скопје, кажувајќи дека тој е одличен кандидат. Што говори тоа за вашата кадровска политика?) Океј, ви одговорив во пресот, одговори Филипче на прашањето на Алфа.

Партијата со отоворени навреди преку соопштенија отиде и против нивниот поранешен партиски функциониер и ривал на Филипче за лидерското место во партијата, Јован Деспотовски, за кого најавија исклучување од партијата. Деспотовски најави тужба за партијата доколку не се извинат за клеветите.

-Ова што се случува одамна ја помина секоја границата на внатрепартиска дебата. Станува збор за свесна клевета и политичка хајка, која нанесува штета не само на моето име и интегритет, туку се гази и угледот на партијата. Партија што низ децениите ја градеа илјадници другари, кои сигурно не сонувале дека нашата СДСМ ќе води дневна борба со медиуми и медиумски работници, порача Деспотовски.

Филипче го повика слободно да тужел.                                                                                  

-Нека тужи Јован Деспотовски, за се што сака. Нема извинување на соработници на ненародна власт. Пратеничката група е синхронизирана компактна, ние имаме многу чести координации, впрочем на една од средбите изминатите денови, заеднички со консензус се донесоа одлуките како ќе настапува во Собранието во следниот период, меѓу другото и за проектот Сејф сити, изјави Филипче.

Шилегов и Деспотовски не се единствени со кои СДСМ влезе во лични пресметки, тоа се случи и со уште неколку поранешни високи партиски функционери. А последниов период секојдневно влегуваат и во пресметки со медиуми и новинари.