Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ признава дека економијата заживува, БДП расте а инфлацијата се намалува

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на Кристина Костова Добро е СДСМ уште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на Кристина Костова

Добро е СДСМ уште еднаш призна дека по економскиот пустош кои тие го оставиле, македонската економија бележи раст.

По слободниот пад на економијата кои тие го оставија, за нецела година власт на ВМРО-ДПМНЕ, се вратија позитивните трендови на раст на БДП.

Реклама

Трето тримесечје по ред, Македонија бележи раст на БДП за 3 или над 3%.

Имајќи предвид каква економска состојба беше наследена, ова е повеќе од добар резултат којшто ги поставува основите за понатамошен раст и развој на економијата.

Да и ние, до некаде, ќе се согласиме дека потребен е поголем раст и за таа цел Владата посветено работи, проекти и применува мерки и политики со кои ќе постигне планираниот раст на БДП за годинава од 3,7%.

А, целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во наредните години растот на економијата да достигне и да надмине 4% раст на БДП.

Кога СДСМ, исто така, зборува и лие крокодилски солзи за инфлацијата, која постепено и таа се намалува и се става под контрола, ако заборавиле, ги потсетуваме дека за време на нивното владеење инфлацијата, која го јадеше стандардот на граѓаните, беше двоцифрена.

Добро е што СДСМ со своите прес-конференции признава дека добро осмислените економските политики и мерки преземени и имплементирани од страна на Владата, даваат резултати. Дека полека заживува економијата која тие ја оставија опустошена, дека расте БДП и се намалува инфлацијата, која во време на нивно владеење беше двоцифрена.