Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

СДСМ: Македонија не смее да стане финансиска платформа за туѓи политички агенди

„Српското сценарио се потврдува во Македонија и преку зделките со Алта Банка,“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Српското сценарио се потврдува во Македонија и преку зделките со Алта Банка,“ , предупреди Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО СДСМ, посочувајќи дека преземањето на „Стопанска Банка АД Битола“ од страна на српската Алта Банка е реализирано веднаш по доаѓањето на власт на ДПМНЕ, соопшти денеска членот на ЦО на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ на прес-конференција.  

Тој истакна дека „Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски“, што, укажува на сериозно политичко-финансиско влијание.

Димитријевиќ детално објасни дека сопственикот на Алта Банка, Давор Мацура, во Србија стекнал огромни државни бизниси иако до вчера бил сопственик на мала менувачница, наведувајќи дека токму тој модел на сомнителни зделки е препознатлив за власта на СНС и Александар Вучиќ.

Реклама

Тој потсети дека Европската централна банка му го суспендирала правото да купи удел во Адико банка поради сомнеж за потеклото на капиталот, како и дека постои долга истрага за Alta Pay поради сомнежи за перење пари.

„Ова значи легален влез на сомнителни финансиски текови во Македонија и отворање врата за можно перење пари. Еве го српското сценарио на кое предупредуваме!“, потенцираше Димитријевиќ.

Тој оцени дека ова преземање е нераскинливо поврзано со финансиско-политичката мрежа на владејачките структури со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, со што се создава ризик за трансфер на сомнителен капитал и влијанија од Србија во Македонија.

„Бараме Финансиското разузнавање и Финансиската полиција да отворат истрага за ова крајно сомнително преземање. Македонија не смее да стане финансиска платформа за туѓи политички агенди, порача Димитријевиќ.