Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

СДСМ ја губи врската со граѓаните, најавените промени на Филипче бараат многу време

За прв пат во историјата не влегоа во вториот круг во метрополата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За прв пат во историјата не влегоа во вториот круг во метрополата, а на ниво на цела Македонија освоија само тројца градоначланици. Сепак ова за СДСМ не е лош резултат иако признаваат дека не го посакувале.

Неколку изборни процеси, партијата доживува тешки порази, а довербата е во слободен пад. Локалните избори пред четири години беа аларм, парламентарните лани ја продлабочија кризата, а оваа година таа прерасна во дебакл.

Лидерот на партијата Венко Филипче јасно даде до знаење дека по вториот круг ќе се прават сериозни кадровски и политички промени во партијата, со што го признава катастрофалниот пораз. Ова укажува и на уште еден факт – консолидацијата за која зборува Филипче не само што не дала резултати, туку не е ни почната. СДСМ во последните изборни циклуси падна под 200 илјади гласови – ќе им бидат потребни години да привлечат нови луѓе и да ги вратат старите симпатизери кои постепено се разочаруваа. Прашањето е дали раководството има доволно време, трпение и енергија да ја започне таа долга битка.

Реклама

Она што е најзначајно кога се реформира една партија да се донесат луѓе кои ќе веруваат во таа партија, а после и тие луѓе да привлечат луѓе. Проблемот со СДСМ е што целосно ја загубија довербата од своите гласачи и прв пат паднаа под 200 илјади гласови без разлика за парламентарни или локални избори. Филипче е кракто на фунцкијата претседател, не можете да најдете нови луѓе за една гоидна, ако верува во тоа што говори за неколку години ќе може да ја врати СДСМ на позиција каде дел од граѓаните кои имаат централно левичарски убедувања кои ќе можат да ги привлечат повторно кон себе, вели универзитетскиот професор, Владимир Божиновски.

Според познавачите, политичарите не треба да мислат дека само една кампања, може да ја врати довербата кај гласачите – тоа е процес кој треба да трае четири или повеќе години, од еден до друг изборен процес.

Сме имале историја и на континуирани победи и на порази, за сите партии, дебатата кој е подобар е легитимна. Политичарите имаат 4 години да испраќаат пораки до грѓаните, а граѓаните во еден ден во тие 4 години испраќаат порака. Мора да сфатат дека победата, поразот, промените почнуваат денеска за до следните избори. Партиите не се свесни и сметаат дека кампањата ќе направи промена а не темелен пристап со испраќање на пораки низ целиот мандат со кои ќе се решат и ќе го дадат нивниот глас. Ова се однесува за сите партии. Врската со граѓаните се гради со доверба, конзистентност. Последиците ќе се гледаат кај секоја политичка партија ако не го сфатат ова. Граѓаните созреаа сите, многу повеќе од политичките партии. Не се најважни првите  или челните места, најважна е конзистентноста, што нудите и за она што го предлагате. Секоја партија што доживеала пораз треба темелн ода анализира и да види кај треба да направи промени. Со зајакнат потеницјал и да направи стратегија која ќе и овозможи да оди напред, вели комуникологот Бојан Кордалов.

СДСМ влезе во овие избори со надеж дека ќе покаже знаци на закрепнување, но резултатите го покажаа спротивното – партијата сè уште ја плаќа цената на изгубената доверба, внатрешните поделби и лошите политики. Венко Филипче најавува промени, но пред него стои најтешката операција во неговата политичка кариера – да ја реанимира партијата која, според многумина, ја изгуби врската со своето членство и со граѓаните.