Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Македонија

СДСM излегува на избори со кадри кои по неколку пати изгубиле избори и се со црвен картон од граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМЕН за кандидатите на СДСM за градоначалници: „СДСM нуди кадри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВМРО-ДПМЕН за кандидатите на СДСM за градоначалници:

„СДСM нуди кадри кои веќе еднаш претходно се одбиени од граѓаните на избори, или не живеат во општините за кои се кандидирани.

Не постои друга партија која е толку упорна како СДСM да ги награди најнеспособните кадри.

Реклама

Наместо нови кадри со некаква визија или интегритет, СДСM повторно кандидира лица кои веќе еднаш се одбиени од граѓаните.

Кандидати за градоначалници како Дарко Блажевски, кој е поранешен градоначалник на општина Јегуновце.

Блажевски е повторно во игра, иако е единствениот човек кој некогаш затворил јавно претпријатие.

Блажевски на граѓаните на општина Јегуновце им ветуваше културен дом, проект од 50.000 евра, за на крај самиот да си го откупи тој културен дом.

Човек кој приватизирал простор што припаѓа на граѓаните, СДСM сега го нагрдува со кандидатура.

Вакви се стандардите на СДСM, и јасно е зошто ја имаат изгубено довербата од граѓаните.

Слична е ситуацијата со Ѕвонко Васев. Човек кој со години не живее во општина Сопиште, не знае што се случува таму, не се среќава со граѓаните на таа општина.

Васев нема никаква претстава за потребите на граѓаните во општина Сопиште и нема контакт со нивното секојдневие.

Очигледно е дека во СДСM нема буквално никакви критериуми.

Според ова, СДСM смета дека локалната власт е прибежиште за неуспешни поединци.

СДСM не само што нема кадри, туку веќе нема ни срам.“