Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

СДСМ: Aко не се продолжи вонредната состојба избори на 5 јули ; ВМРО-ДПМНЕ: Брзи избори се масовно самоубиство

Дали Македонија живее во искривена реалност? Бројката на заразени расте со геометриска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали Македонија живее во искривена реалност? Бројката на заразени расте со геометриска прогресија, а власта не се откажува од избори. Нови жаришта се појавуваат низ државата, а СДСМ делат маски и пропаганден материјал во време на пандемија и тоа на улиците.

Последниот став на социјал-демократите е дека избори на 5ти јуни мора да има, оти не можела државата да функционира со техничка влада и без парламент.

Организирањето на изборите е завршена работата. Согласно уставот и согласно законите, изборите треба да се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. Во случај вонредната состојба да не продолжи и да заврши на предвидениот ден, тогаш петти јули е денот кога согласно законите и Уставот треба да се одржат изборите, соопштуваат од СДСМ.

Реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека здравјето на граѓаните е најважно, а не битката за власт.

Со идејата на Заев да се оди на избори само дополнително ќе се загрози здравјето на граѓаните. Организирањето на избори во ваква ситуација со толку многу заболени со корона вирус претставува масовно самоубиство. Заев и власта предводена од СДСМ мора да разберат дека политиката треба да е на страна, и дека треба да се погрижат за здравјето на граѓаните, вели Горан Манојловски, ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во телевизиско интервју истакна дека бројката на заболени од Корона е пречка за изборите.

 Она кое што го слушаме е само повторување како една грамофонска плоча, расипана 5 јули и точка. Тоа значи дека за 10 дена од денеска вие треба да почнете кампања, од една страна имате троцифрена бројка на заболени, имате вонредна состојба во државата. Се подготвувате во кампања. Ви го нема шефот на мисијата на набљудувачи на ОБСЕ и ОДИХР, ги нема оние набљудувачи долгорочни кои први доаѓаат не знаеме дали оние краткорочните ќе бидат во полна мисија и вие велите ќе имаме ние избори. Малку делува несериозно. Вака како што се движиме не се движиме во добра насока, истакна Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

По веста дека потпретседателот на СДСМ Зекири и директорката на УЈП Лукаревска се позитивни на Ковид 19, речиси цела изборна единица 2 од редовите на СДСМ замина во самоизолација, оти имале теренски активности заедно со Лукаревска и делеле маски и флаери низ Куманово.

Од Алијансата на албанците велат дека коалицијата предводена од Заев треба да сноси одговорност за предвреме почнатата кампања и ризикот за загрозување на здравјето на граѓаните. Во меѓувреме и Левица бара одговорност за однесувањето на СДСМ, односно поднесоа приговор до ДИК за превреме почната кампања.

Останува отоврено прашањето што би се случило доколку за време на изборната кампања се случи повторно истата слика каде претставници од изборните единици би заминале во самоизолација? Кој ќе ја тера кампањата?

Мери Ѓорѓиевска